ПОТРЕСНО: Дипломиран диџеј, најдобар во својата генерација веќе три години не може да најде работа по струка

04.07.2018 11:24
ПОТРЕСНО: Дипломиран диџеј, најдобар во својата генерација веќе три години не може да најде работа по струка

БЕЛГРАД, 2 јули 2018 (Њуз) - Павле Крстиќ, подобро познат како DJ Palie K, кој дипломирал на за диџеј пред три години, со просек од 9,46 и бил прогласен за диџеј на генерација, веќе три години не може да најдат работа во струката, дознава Њуз.

Тој вели дека испраќал CV и мотивационо писмо на адреса на сите познати клубови во Белград, дека на неколку места поминал и два круга разговори, но и покрај тоа не добил работа.

- Не ме боли толку што сум без работа во професијата, колку кога гледам дека покрај мене со диплома и просек, вработуваат некои самоуки диџеи. Што е следно, ќе вработуваат и самоуки лекари?! Ете во каква земја живееме, никој не го цени знаењето и стручноста, не постои повеќе перспектива тука, треба да се замине одовде, кој последен си замине нека ги вклучи светлата во клубот - вели овој млад резигниран диџеј.

Тој вели дека со години напорно студирал и дека прашање е дали толку време би посветувал на учењето да знаел што го чека потоа.

- Мака ми е кога ќе помислам колку се подготвував за колоквиумот по „Брзо враќање плочи“, сите оние утра кои ги поминав на вежбите од „Вовед во скречување“, како и учењето за најтешкиот испит на факултет, на кој добив 10-ка, „Основи на хидратација на организмот на журка“. Што можам сега да правам со мојата дипломска „Влијанието на минималните семплови на Свен Вeт на раната фаза на творештвото на Мартин Герикс“ - вели нашиот соговорник и размислуа дека можеби треба да проба да се преквалификува за ем-си.

Извор: Njuz.net