Соновно училиште „Стивна Умов“

04.07.2018 16:41
Соновно училиште „Стивна Умов“

 

Пишувам од душата на дното.


Одам исправено и со крената глава зашто имам мал мозок.


Не сум скулптор, но можам да направам мајмун од себе.


Најкористени фрази во животот ми се "Да бе, ти ќе ми кажеш!" и "Па што не ми кажа бе!"


Хулахопки се јавуваат во Центар за помош на зависници: Ало, помош, навлечени сме на девојкава!


Ќе се изедев жива, ама сум селф-интолерант.

 

Не можам да се опуштам уште од раѓање, цело време сум на штрк.


Алергична сум на вратари, само што ќе ги видам ме исфрлаат.


Живеам со жанр во очите.


Циганката што ме фали се вика Семие Џабе.


На огледалото сѐ му е рамно.


Шарената топка цело време отскокнуваше од останатите, но наеднаш падна издишана од умор, си го пипна темето и рече: Мислам дека се разоблувам.

 

Една слика, илјада заборави.


Психата има кошули триста, секоја бела, секоја чиста.


Животот се служи во крвни садови.


Куала Лумпур е журка со пијани коали и не ни пробувај да ме разубедиш.


Госпоѓо Кенгурка, морам да го пофалам син ви. Мислам, сите кенгурчиња се добри, но вашето отскокнува.


Гризли мечката му рече на мечето: Погледни се какво си гадно целото!
Тоа ѝ возврати: А ти поларна да не си?!


Верверичка е глушец за пред луѓе.

 

Ниско-буџетен сеирски филм: Македонска политика.


Не ѝ требаат визи на Македонија. Сите граници се поминуваат внатре во државата.


Не нѐ делат нас ѕидови и врати, туку прагови на толеранција.


Курбан бјрм.


Истолчен, западнат, неверен и тужен Балкан.


Продавам општо добро по цена за помало зло.


Декларација за човекови права
.... може да содржи траги од соја и други јаткасти плодови.

 

Ум.Мир.Рај.


Mile voli discourse.


Тури му PayPal.


Хомо запиен.


Пензионејџери и тинејзионери.


Кубански ресторан "Фидел Гастро".

 

Рубик е смртно болен. Се бара донор на коцкена срж.


Се скоцкала кружницата - ќе иде на забава на правоаголници.


- Што математички вештини владееш?
- Претворам имагинарни проблеми во реални и после ги рационализирам.


Математиката ми рече: Престани да ме гледаш ко предмет!
А сѐ што направив беше што ѝ го фатив редот на матрицата.


Да бе, да се уозбилам, па сите да ми се смеат!


Што знам колку да плачеш... види таму поплачи од око.

 

Белешка за авторката

Тања тргна да си ја бара среќната ѕвезда по Млечниот пат со првиот пар нозе од плазма кекс. Многу од ѕвездите имаа фатено прашина, па си го купи и првиот пар свилени опинчиња за мазен ôд низ космо(хаха)осот. Силно замисли иста желба по втор пат, а ѕвезда-мазохист блесна од среќа и се разнесе врз опашката на соседната комета.

На 20, Тања посака да биде вселена во срцето на астроном и почна да нуди часови по парамесечарење. На 25, почна да врие и да дава резултати ко на 60. На 32, сфати дека е време да се спушти на Земјата и премина низ порталот Окно по тобоган лизган од метеорски дожд.

Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото