Мала шала на моја сметка

06.07.2018 00:38
Мала шала на моја сметка

Трибологија
Фрикцијата на
нашите тела

ја претвора кинетичката
во топлинска енергија.
Пламна оган од оган,
од испреплетена
нога со нога.

 

Изјава
Мртов пијан
реков дека сум најголемиот поет
што некогаш живеел.

Пијан во ноќта
едната месечина
ми се чини две.

Пијана кавга
доцна во ноќта си
префрламе вина.


Цртеж
Те нацртав
без очи
без усни
без уши
без коса
без чело
без глава
без тело.

Си личите.

 

Space
Извинете,
имате поголема украсна ќеса?

Сакав   вселената    да

ти     ја       подарам,

но      сега    ти     давам

само     простор.
 

 

Слики: Jorge Santos

 

 

ОкоБоли главаВицФото