Балон со лик на Трамп ќе лета над Лондон за време на неговата посета

06.07.2018 13:52
Балон со лик на Трамп ќе лета над Лондон за време на неговата посета

Џиновски балон со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп како налутено бебе ќе лета над Лондон за време на неговата официјална посета на Британија, закажана за 13 јули.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан го одобрил барањето за дозвола за поставување на портокалов балон, висок шест метри, во близина на зградата на Британскиот парламент, по петицијата под наслов „Дозволете му на бебето Трамп да лета”, која собрала повеќе од 10 000 потписи.

Трамп треба да се сретне со британската премиерка Тереза Мај на 13 јули во Даунинг стрит.

Активистите собрале речиси 18 000 фунти за шест метри високата фигура исполнета со хелиум, која, според нив, го рефлектира ликот на Трамп како луто бебе со кревко его и мали раце.

Балонот ќе може да лета два часа утрото на 13 јули. Организаторот на настанот вели дека Трамп навистина мрази кога луѓето се шегуваат на негова сметка.

„Па затоа кога ќе дојде во посета на Британија, ќе му покажеме дека цела Британија му се потсмева“, изјави Лео Мареј, еден од организаторите на протестот.

Во изјавата од кабинетот на градоначалникот стои дека „го поддржуваат правото на мирен протест и разбираат дека тој може да има различни форми.“

Извор: BBC