Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

07.07.2018 15:39
Пејачот Влатко Илиевски прнајден мртов

Пејачот Влатко Илиевски е пронајден мртов во неговиот автомобил „тојота“, синоќа околу 23 часот на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Увид на лице место извршил јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а телото е дадено на обдукција.

Засега нема информации за причините за смртта на Илиевски.

Илиевски е роден на 2 јули 1985 година. Од 2000 до 2007 година беше дел од групата „Морал“, а во 2007-та ја започна неговата соло кариера. Во 2011 со песната „Русинка“ ја претставуваше Македонија на Евровизија во Дизелдорф, Германија. Тој беше и актер, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Меѓу неговите најпознати песни се: „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Пак на старо“, „И премногу добро“…

Веста за неговата смрт ја потресе македонската естрада и неговите обожаватели. Колегите на пејачот и други познати личности, преку социјалните мрежи во неверица се збогуваат со Илиевски.

 

ОкоБоли главаВицФото