1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Ѓоко Бушавиот
red bus blues
Преполниот црвен автобус влегува во уште една вукојебина. Повторно влегуваат повеќе луѓе отколку што излегуваат.
Надвор остануваат оние што испраќаат – мајки, баби, синови, внуци. Загрижено ги издолжуваат вратовите и се обидуваат однадвор да им најдат место на своите најблиски.
Тазе качените, пак, им се смешкаат со лица што велат: „Не е важно.“ А всушност, со очите немирно шараат низ автобусот и го бараат последното слободно место. Знаат дека нема да има за сите.
Една дебела тетка љубоморно го чува своето двојно седиште правејќи се дека нешто многу важно се случува зад прозорецот, иако во претходното гратче и таа беше една од оние што панично шараа низ автобусот.
До мене Ана си ја чита својата книга и врска нема што се случува.
Јас мирно набљудувам од своето седиште. Сè ми е јасно – сум бил и оној што однадвор го издолжува вратот, и тазе качениот, и дебелата тетка што зјапа низ прозорецот...
Аушвиц
Реши да дојде и по седумнаесетти пат. Уште еднаш, и готово! – како малите деца.
Секако, неа повторно ја немаше.
По толку години доаѓање, тој веќе и немаше потреба од неа, знаеше сè за музејот. Последните неколку пати, дури, беше и водич на групата туристи во која случајно ќе се најдеше.
Сепак, реши да дојде и по седумнаесетти пат. Уште еднаш, и готово! – како малите деца.
Љубов
Чкртам по книгите, така тие стануваат мои.
Една пријателка ги кине омилените страници и ги крие од остатокот на светот. Прво силно ги притиска на градите, ги гледа со вџарен детски поглед, а потоа ги крие некаде, од остатокот на светот.
Така и книгите ги заштитува од позајмување.
Voyager
Посилен пол
Година 3141. Елипсовидна просторија, инкубатор и двајца мажи.
Лог од разговорот: “Човечкиот развој ‘in utero’ е комплетно преместен ‘in vitro’. Жената повеќе нема целосна контрола врз татковството и опстанокот на потомоството. Конечно се изедначивме. Таа не е надредена и крајно време е да ги повлечеме религиозните приказни за нејзината подреденост".
Година 6666. Четвородимензионален простор и две тродимензионални жени.
Лог од разговорот: “По два милениума и толку многу откритија тие сè уште не се сетиле на заборавениот Дарвин, па да се досетеа дека сме им ја подметнале приказната за хромозомите. Нивниот хромозом ‘Y’ не е дефектна ами ефектна мутација од нашиот ‘X’, зашто опстанокот на видовите зависи токму од разнобразието. Сепак, нивната заборавеност ја доведува во прашање целата еволуција”.
EDYTA
И покрај сè
Останав сама. Неверојатно. Не, тој ќе се врати, ова мора дa е грешка, тој сигурно ќе се врати. Адријан не летна со тој авион, има шанса, нели, постои таква можност. Животот не смее да биде таков, наеднаш да изгубиш сè. А тој е моето сè. Мојата реалност, мојот живот. Не, тоа не е вистина, постои свет и после него. Светот е толку многу голем, а јас сум негов дел. Нели? Адријан е дел од него, стои отспротива, не е со мене, не сме единство. А сме? Ми се чини дека сето ова веќе сум го преживеала. Што значат сите овие зборови? Си припаѓаме еден на друг, создадени сме еден за друг? Мојот единстен, љубен? Боже мој, тука сме, тука и сега! Вчера, исто така, бевме. Ќе бидеме и утре, нели? Изусти, дека тоа е вистина.
Телефон од сестра ми – ти треба нешто? Не, зашто, умеам јас и сама.
Комшивката пак дојде. Да ми изрази сочувство. Боже, зашто...
Чашите
Се будам ноќе, насила извлечена од сонот со некои нагли движења. Пропаѓам во темнината, престарашена од празнината и врескам на цел глас: Господе, те сакам!...Те сакам! Го барам името на тој што умеам да го сакам, за да љубовта, која не е фикција, ја спасам од пропаста во која паѓам и ми снемува воздух, и срцето престанува да бие. Се гушам! Му се оддавам насилно на името на мајка ми, не се сомневам дека неа ја сакам. Тешко дишам, чувствувам дека Господ до недоглед ја пресметува мојата љубов.
Чашите, на бирото, секоја со различна количина на вода. Тој не ги ни помрднува, не ги носи во кујната, не ги фаќа. Ги допирам, пиев од нив, ја гаснев жедта.
Тој нема да ја угасне својата жед.
Си запишал на стаклото, доказ за моето постоење во неговиот живот. Сè што таму допрев: недопрени останаа неговите раце, добива од мене благослов за сопствениот мој живот. Го создавам светот на тој начин. Микрокосмос на автоматското постоење.
Се будам во ноќта, од каде таа насмевка наеднаш? Мозокот бара спас, срцето им дава знак на градите – нема причина за паника! Полусвесна го шепотам неговото име: Те сакам! Движење – кашлам – спас од пропаста. Дишам лесно. Првпат, после две години.
Јоргован
Кога Бакли, Бресон, Хесе и Јас јадевме чоколадо
Тоа беше како во сон. Нели. Или песна. Поточно сè се одвиваше во онаа руиниранана куќа на Максим Горки. Но во тој период не беа расцветани розовите дрвја. Е па, беше есен. Не дека одбегнувам романтикa.
Доаѓаше пет. А со тоа и нашата друженка. Така цела пролет. Ете го од Карпош доаѓа овој и неговото чкрапало. Боже, бев заљубена во него. А бев и во Бакли. Бакли штотуку беше завршил или отпочнал со оплакувањето на утринската љубов кога доаѓаше и Хесе. Џеф не ме сакаше мене, бар не на онаков начин. А Хесе, ех, тој беше заљубен во природата. Последна доаѓав Јас. Замислете. Единствена, па уште последна. Ништо ново, а? И секако. Со себе ја носев нашата омилена чоколада. Така страсно лижејќи си ги прстите сонувавме како еден ден сите ќе станеме големи. Веќе остаревме. Само што јас не станав голема. Се прашував дали сè се должеше на тоа што лешникот беше мој омилен вкус, а јас секогаш го купував оној со јагода. Сè уште се прашувам одејќи кон куќана. Само сега стојам однадвор. Бидејќи е заградена. Еве сум, тука стојам и ко магарица си ги бришам прстите со палома поради чоколадото од лешник што останало меѓу нив. И пазете. Пазете кога ќе поминувате од таа улица. Пазете на огледалото од карши.
Иван Шопов
Другарки
Имам една другарка што е луда по дожд. Излегува да трча секојпат кога ќе заврне. Ужива да се наводенува и капките што паѓаат врз нејзината кожа ги прогласува за божества. Би се рекло дека е потомок на дивјаци.
Имам и друга другарка. Секогаш седи дома кога врне. Размислува за тоа што значи да се има дом, покрив, или барем стреа над главата. Сигурноста е сè за неа.
Имам боси нозе, шатор од облаци и расипан чадор, за секој случај. Не мислам на дождот кога врне врз мене. Се сеќавам на двете другарки кои еднаш заедно накиснаа на пороен дожд. Нивните брадавици се познаваа преку наводенетите блузи; „срамежливо ме ѕиркаа“ – би рекле некои еуфемични луѓе, а јас ќе кажам дека бесрамно ги зјапав.
Среќен сум што ги имам двете другарки. Не мислам на дождот кога врне врз мене.
Линии
Со особен интерес и внимание читате некоја книга. Местата што ви се допаѓаат и ви се чинат позначајни ги подвлекувате со молив. Завршувате со читањето, книгата ви остава одличен впечаток и им ја препорачувате на повеќемина пријатели. Конечно, и’ ја позајмувате книгата на една пријателка.
И таа е внимателна во читањето. Ги подвлекува со молив местата што и’ се допаѓаат, секако, без да ги избрише вашите линии под значајните редови. Завршува со читањето и ви ја враќа книгата во пристоен рок. Вели дека и’ се допаѓа. Ја земате книгата, ја сместувате на старото место на полицата и речиси заборавате дека постои.
По неколку години сакате уште еднаш да ја прочитате. При второто читање, обрнувате поголемо внимание на местата што сте ги подвлекле кога сте ја читале за првпат. Не ги разликувате своите линии од оние на вашата пријателка. Се храните со туѓи впечатоци и без да знаете присвојувате нешто што не е ваше.
Нуркачка
Ја мразев мојата улица, раскопана, каллива и полна со дупки. Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш и’ фрлав паричка. Го мразев и небото што навечер се огледува во вирчето. Синоќа во него видов ѕвезда што паѓа.
Ги мразам паричките што ми ѕвечкаат во џебот. Немам кому да ги дадам откако бабичката се откажа од нив. Исчезна. Можеби се удавила во вирчето скокајќи по ѕвезда што паѓа?
Приказна Е
Е отиде во театар да ја погледне премиерата на претставата која долго ја очекуваше, но се зачуди кога виде дека е единствен присутен во гледалиштето. И покрај слабата посетеност претставата започна сосема нормално. И тоа само за него. Почетокот беше здодевен. Е чекаше да дојде битниот, возбудливиот, интересниот момент. Не дочека. Претставата беше удав до самиот крај. На Е му беше незгодно да ги остави глумците без аплауз, па стана и силно заплеска со рацете. Иако лоши, актерите беа искусни и ја проѕреа неговата намера. Наместо да се поклонат, му возвратија со уште посилен аплауз. Навистина, Е одглуми дека му се допадна претставата многу подобро одошто глумците глумеа на сцената. Не му беше сосема јасно како од обичен гледач стана актер, па збунет, го напушти театарот без да се поклони.
Мане Манушев
Тој ден
Тој ден не беше како претходните. Сонцето се пентереше над крововите од зградите, а неговите зраци се тетеравеа и не милуваа нежно. Тогаш нервозно влезе сопственикот и панично почна да нè соблекува сите. Луѓето застануваа и безмилосно зјапаа во нас. Некои се клештеа подмустаќ, некои си разговараа за поевтинувањето на парното, некои едноставно уживаа во нашата стриптиз судбина.
Дојде до мене и започна најпрво да ми ги соблекува пантолоните, потоа го тргна шалот што беше намотан околу мојот врат, ми го соблече капутот, а потоа и волнената блуза.
Тој ден останав разголена кукла, во постелата од сончево стакло, која зјапа во минувачите низ излогот на кој беше прикачен натпис Дуќанот се издава.
Зоран Бејковски
Путер
Со братучетка ми Номка се ебевме во пченките. Некој би рекол „Не е убаво“, друг, пак „Оставете ги, деца се“, меѓутоа, неколку месеци подоцна, на баба и` порасна мешето. Мислевме дека ја фати клетвата од снаа и` која ја колнеше што не и` го кажува рецептот за посебниот путер со кој прави пуканки.
По година дена, кога и` оттече мешето на баба, дојдоа нови лајнари. Имаа нови возила, носеа ракавици и бели мантили како за на пчели, ама без мрежа на очите, туку со прозорче. Од устата им излегуваа црева кои беа споени со огромни метални шишиња што ги носеа на грбот. Не знам зошто не ја доисчистија јамата.
Дојдоа и чичковци во црни мантили и ги собраа селаните. Им кажуваа нешто. Не знам што им кажаа, но после тоа баба не ја пуштаа в црква. Децата што одеа на школо почнаа да се подбиваат со мене, ми довикуваа:
„Мало вујче лајнарче,
низ бабино дупче“.
Или пак, „Клецајбабаaa!“.
Не знам колку пати дојдоа. Последниот пат паметам, чичко полицаец и` ставаше лисици на баба, а дедо викаше: „Ти реков, смотана една, `фрли го на прасињата`!“
Најпосле, мене и Номка нè примија в училиште. Ни рекоа дека не мора да носиме кошули со скрстени раце, а и секој ден ни даваат бонбончиња. Прекрасни се, но не може да ги заменат пуканките приготвени со тајниот путер на баба.
Перун(ика)
До
средствата за идентификација
предмет: Информација за „Незнајниот“
Гледајќи го со инка, уште в матка му го згрешиле полот.
Болници имало, доктори немало.
Се родил на нива. Незапишано зад која грмушка.
Пред жетвата. Додека жнееле, го смирувале со режен афион.
„Неодредена крвна група“, пишува на бледиот пергамент.
И „хибридна боја во очите“, мешан ген од некој прадедо.
Името - нешто слично како „мртва гасеница у кукла“ му било.
Сушен ли, Јалов ли, Самојад ли? Кој ќе ви каже? Умрени се кумовите.
Знаеја само дека е зачнат со ин-витро, од татко незнаен, мајка – сурогат.
И уште читко е дека го закопале „у гроб без плоча“, со само уште еден доказ дека живеел:
„Делата!“
Тие биле алиби...
„Напишани под псевдоним“.
Скромно,
Пронаоѓач(от)
на (не)читливиот пергамент
датум:
севременско невреме
Ле Пјаф
Вода!!!
Сакам вода, најмногу сакам вода, а и здраво е велат, но јас не ја сакам од таа причина, ми пружа задовлство и мир затоа ја сакам. Го сакам чуството после налудничава жед и горчина во усните ...те освестува ...те освежува... го сакам чуството кога ке се разбудам среде ноќ, пијана и сè додека не ме заболи душникот и во очите не чуствувам притисок - ќе ми излетаат, си мислиш, пијам вода и треперам од радост и љубов спрема нешто толку едноставно и достапно. Го сакам чуството кога на крајот на јадењето голтам многу брзо и нетрпеливо за да можам што побрзо да пијам вода. Сè сакам во врска со водата, го сакам изразот на лицата на келнерите кога ке им порачам вода, тие и не ја сакаат толку, бесплатна е. Залуден труд им е враќањето по вода. Ја сакам водата... го сакам чуството кога ми се темни пред очите и мислиш светот се урива... Земи вода ќе ти биде подобро... ќе каже некој... и подобро ми е... сакам вода... многу е едноставна... затоа ја сакам... секогаш ке има вода и тоа го сакам кај водата. Водата е наједноставното нешто на светот, водата е најкомплицираното нешто на светот. Ќе мислиш... чудна сум... што си се напнала со водата? - ќе речеш. Но подоцна ќе замолчиш, ќе ја изгаснеш цигарата и ќе се напиеш вода...
Lya
Личност-мисла
Опиена од мистичноста на полната месечина, седеше сама и босонога на кафеавата ровка земја, додека со рацете ги обвиваше нејзините студени колена.Се обидуваше да ја пронајде нишката со која ќе може да ги поврзе своите чувства но и, размислувања. Ја гледаше светлата панорама на темниот град и ја чувствуваше топлината на осаменоста. Со едната рака, со стапче, почна да прави дупчиња во меката земја, небаре сакаше таму да ги закопа сите нејаснотии од нејзиниот ум. Се прашуваше зошто е толку тешко да дознае што чувствува? А чувствуваше сè, и очај и спасение, и одбивност и љубов, омраза и прошка реалност и луцидност, тага и радост. Додека седеше, чувствуваше пропаѓање во дупка без дно. Чувствуваше сè и чувствуваше ништо..Но по се изгледа дека беше само личност со огорчено срце, добра душа и збунет ум.
Како сите....
А полната месечина без разлика на сè, реши да блeска повеличенствено од секогаш...
Кристијан Урдаровски
Роман
Го пишував својот роман. Потрошив многу на него. Бев испишал хартија со редови и редови, а со нив создавав ликови, испреплетени настани, многу филозофии и идеологии. Пишував со години, многу се исцрпив. Сакав да создадам нешто. Некое мое обележје. Ликови, многу ликови, секој од нив – посебно сиже. Го пишував со перо кое го макнував во мастило. Сакав романот да добие посебна автентичност. Сè беше како што мислев. Одеше по зацртаното, бликаше мојата креативност, чиниш извира и се чудиш самиот себеси, просто се изненадуваш од себеси. Сè до еден момент. Го турнав мастилото со лактот. Се истури врз испишаните хартии. Сè се избриша. Не остана ништо. Ни еден лик, ни едно сиже. Се потопија од мастилото филозофиите и идеологиите. Посакав и мене да ме потопи проклетото мастило.
Линија
Линија. Права, исправена, без исклучок. И таква како што е, оди, се движи и никако не отстапува од својата положба. Абе како инает да влегло во таа линија. Ама никој и ништо не може да ја помести, да ја закриви малку, малку само, скроз малку, минијатурно. Никоја сила не може да делува и да причини закривување. Како да не постои таква сила, која би делувала ... или треба некоја натсила, нешто натприродно за да ја придвижи во некаква друга насока, некој друг правец. Абе ништо! Тера напред и само право, право, како да не и’ е гајле за ништо останато на светот. Што мисли до кога? А? Има крај? Можеби и таа го чека својот момент. Впрочем, сите го чекаме... до тоа е, до моментот. Сигурно еден ден и таа... ќе отстапи од својот инает. Којзнае. Движејќи се така право и само право можеби ќе и’ здосади.
Стефан Петровски
...фрагмент, на радио - “НАЛ ЈУ ЌЕН ГОЛ ФРОМ КОКАИН ОНТУ РОГАИН ИН ТУ ПОЈНТ
ФАЈВ СЕКНДС СОЛ БИКАМ ЈОР ВЕРИ ОЛН ПОСТ СИВИЛАЈЗД БЕСТ
ФРЕНД“...фрагмент од нив...
-Дали ти љубиш?
-Не.
Ивана Нелковска
Човекот
Ништо не е завршено. Сè е еден голем круг кој нема ниту почеток, ниту крај. Глупава игра на животот.
Си беше некогаш еден човек кој сакаше да заврши со сè, едноставно да стави точка на својот живот. „Ќе се самоубијам!”. Се качи на еден мост и се фрли во реката, но не се удави. Го спасија луѓето што случајно се најдоа во близина. Човекот не се откажа од својата намера. Тој уште следниот ден се обиде да се обеси на едно дрво во градскиот парк, но пак некој го спаси. Човекот следниот ден се врати на работа и сосем неочекувано во фабриката каде што работеше, поради некој дефект на некоја машина, се случи силна експлозија. Многу луѓе загинаа, а човекот кој претходно сакаше да си го одземе животот ја загуби меморијата. И кога се чинеше дека сè е завршено во тој хорор, еден човек без минато почна од почеток.
Марионети во куклен театар
Се раѓаш слободен, светот е само една отворена книга која чека само да ја прочиташ... или само мислиш дека е така? Живееш како што сакаш. Малечок си. Си играш со своите дрвени кукли и кога ќе пораснеш сакаш да бидеш астронаут. Полека растеш. Мама и тато работат и ти ги исполнуваат сите желби. Сè е совршено, но еден ден се случува нешто грозно. Ти порасна. Се најде сам на таа сцена неречена живот. Нема веќе кој би ти ги исполнил сите желби, сам треба да го направиш тоа. Страшно е... не, грозно е. Одеднаш се наоѓаш во една бура, во еден масакар. Некој ти ги боде дланките со игли и ти ги врзува со конци. Ти се преобразуваш во дрвена кукла. Се обидуваш да се спротиставиш, но не можеш – некој поголем од тебе те управува. Сите околу тебе се такви. Мизерни. Збунети. Пробуваш да викаш од болка, но не можеш – немаш глас. Се движиш без да сакаш и некој туѓ глас зборува низ тебе. Се вртиш нагоре и гледаш некои грди лица како ги управуваат твоите твижења со помош на конците низ твоите дланки. Сега си стар и неупотреблив. Се наоѓаш пред еден голем оган, а ти малата дрвена марионета без да размислиш се фрлаш во него. Умираш. Па да, и така викаат: „Настануваш од пепел, живееш и пак стануваш прашинка”.
Lizard Queen
Шлаканица
Кога беше мал посака да оди на рингишпил. Доби шлаканица. Не виде од каде дојде, но ја осети. Го пржеше на лицето толку многу што не ни помислуваше повеќе на тој глупав рингишпил.
Кога беше на училиште, посака да оди на екскурзија. Беа поминале многу години од шлаканицата и веќе беше заборавил на неа, кога – повторно ја доби. Овој пат беше многу позачуден што не успеа да види кој го удри. Почна да прашува кој го стори тоа. Сакаше да се побуни оти и другите деца посакуваа и желбите им се остваруваа. Доби уште една, но толку силна што во моментот заборави не само каде се наоѓа, туку и зошто воопшто ја доби. Годините минуваа, шлаканиците се множеа. Што и да побараше, за што и да се побунеше – невидливо ги добиваше. Живееше во страв, работеше со страв. Се плашеше да изразува желби на глас и сè повеќе се затвораше во себе. Почна да добива шлаканици и за помислите. Така, почна да ги редуцира мислите, па темите и содржините на кои размислуваше, па времето во кое размислуваше, а за желби веќе не ни стануваше збор.
Денес тој не се плаши повеќе. Никој не го удира. Оди со исправена глава. На моменти му паѓа, но му ја креваат сестрите чудејќи се како можел да изврши лоботомија со бормашина.
Ви.За.
Дар
Пешачејќи кон Трговскиот центар заедно со мајка си, со која требаше да купува за свадбата, Марија длабоко се замисли. Таа се движеше несвесно кон целта без притоа да обрне внимание на мајка си, која постојано и’ прикажуваше, раскажуваше и и’ даваше совети. Марија беше во мислите со Ивана, нејзината колешка од фирмата во која заедно работат и каде што се запознаа. Седеа во автобус фатени за рака. Се бакнуваа, а од сите страни патниците фрлаа поглед кон необичниот, а за некои дури и гнасен чин. Особено старите бабички не го тргнуваа погледот од нив двете. Марија и’ откри на Ивана дека сака да живеат заедно, а Марија, се разбира, одговори позитивно. Таа толку добро се чувствуваше, небаре ќе полеташе во моментот на соопштување на оваа прекрасна вест. И додека возвишеното чувство на среќа ги опиваше двете љубовници, автобусот нагло закочи на станицата и Марија се освести. - Марија, Марија, дали ти ме слушаш додека ти зборувам? - ја праша мајка и’. - Ако те нервирам, да престанам? - Не, мамо, не ме нервираш, те слушам – и’ одговори Марија. - Што да му купам за подарок, на Милан, на твојот иден сопруг? - праша мајка и’.
Маријана Јанческа
Кошмар
Само што задрема, ја разбуди ѕвонењето на телефон. Сестра и брзо и испрекинато липајќи, бараше да се симне да ја пречека. Објаснувањето беше дека гледала страшен филм со деца-убијци, и сега и е страв да си дојде дома. Поспано мрморејќи, ја наметна првата наметка што ја најде и отиде да ја поземе. Пцуејќи, со мака ја погоди клучалката додека сестра и нервозно тупкаше со нога. Сè уште зборувајќи, не забележа дека обично сините очи на сестра и’ се црвени. Влегувајќи во детската соба со силен тропот, виде дека креветот на сестра и’ е разместен, а на перницата се лелее руса коса. Марија, вресна, ако си ти тука, кого јас пречекував? Се сврте во истиот миг кога гладните песјаци тргнаа да и’ го ловат месото. Вресокот од нејзиното грло се помеша со смеата на она нешто што ги носеше песјаците. Од некоја дупка слушна позната музика. What took u so long? Нејзиниот телефон. Уште препотувајќи се од страшниот сон, слабо ги процесираше сестрините зборови. Што? Fredi Kruger? Кај е? А, си гледала филм... И сега ти е страв? Сакаш да те пречекам?
Стела Хубш
Час на преобразба
Во тмурноста на есенскиот ден, една дождовна баричка, во дослух со Креаторот, се претворила во огледало. И тој, за овој краток момент, го отворил небото и и’ овозможил одраз на најголема чистота.
И ете, пред нас, едно парталче сино небо паднато на сивилото на асфалтот.
Доживување на утрото
Откако ќе се сретнеш со денот во моментите на неговото настанување, ќе знаеш што значи да се почне. Само тогаш, во моментите на големото отворање, може да се искуси импулсот на постоењето, тенкиот, остар млаз на живот кој од самиот универзум ни го донесува разбудувањето.
Утрото е папочната врвца на светот со вселената. Со утрото почнува движењето, сознанието, надежта, копнежот. Со утрото почнува животот. И радоста од животот. Преку утрото секое големо придвижување, секое вдишување на вселената, е и на овој свет. Е и наше.
Благодарение на утрото почнува играта, љубовта меѓу Создателот и Неговото Дело.
Градот на ветровите
Пред моите очи се отвораа други предели како нешто на моето правоаголнесто парче видик да распростираше сликарско платно со туѓи улици и згради, туѓи дрва и плодови, туѓо небо. Одеднаш пред мене се занишаа гранките на дрва кои не постојат тука, гледав во портокали и мандарини кои блескаат во зеленило, иако околу мене беше есен. Го сетив мирисот на медитеранот и во градите го почуствував ветерот кој грее, иако од грб ми врнеше дожд и ми дуваше студенило.
Не можев да преминам таму, не можев да пружам рака и да го допрам, затоа што знаев дека не е сон во кој сѐ е можно. Едноставно, мојот копнеж отвори едно просторче во мојот ум и низ едни други, туѓи очи, повторно, за момент, го видов градот низ кој дуваат ветрови.
Поздравување
Добро утро. Скопје дури сега, пред малку, почна да ги подига своите трепавици и полека да погледнува во очите на денот. Малку е мрзеливо денес, знаеш, недела е.
А утрото тоа му го дозволува. Нежно го буди, го милува по лицето, трпеливо чека да го истегне секое свое прсте и своите рачиња да ги пружи кон него. Да знаеш дека денот го сака Скопје. Малку му е неудобно тука, не може баш точно да си го најде калапот во кој го имаат сместено, но се привикнува и им дава шанса на скопјани да се решат што сакаат да прават со него.
A јас знам дека ти сè уште спиеш. И дека ќе спиеш уште долго. Ама ако - нишкај се во топлина и мекотија. Во својата сопствена белина и убавина. Јас те чекам, полека да се разбудиш да можам да те поздравам и, нежно истегнувајќи се, да ги пружиш своите раце кон мене, да ме погледнеш, за понатаму заедно да продолжиме во ова трпеливо утро, кое ни ги милува лицата и ни дава шанса да решиме што сакаме да правиме со денот кој претстои.
Приказна
Цел еден живот седеше и ги броеше зрнцата песок во пустината. Едно по едно. Секој ден и секоја ноќ. Едно зрнце песок - еден миг од неговиот живот. Со секое зрнце, еден дел од животот си заминуваше.
И така минуваше времето. Студените пустински ветрови го прекриваа врелото сонце. Нив ги стишуваа ретките поројни дождови, и потоа пак сонцето, и месечината...
А тој седеше и го допираше секое зрнце песок. Без да се пожали, без од него да се слушне ниту глас. Нему сите му беа исти. И сите му поминуваа низ прстите.
И тој чекаше. Трпеливо.
Еден ден, помеѓу сите зрнца песок, во раце му се најде најмалото, најсјајното. Искра чиста светлина која играше на неговите дланки. Која фрлаше разнобоен одраз на неговото лице.
Душата му се озари, срцето се отвори и тогаш пустината го слушна неговиот глас.
Го погледна милозливо уште еднаш зрнцето кое му лежеше на прстите, и исчезна. Замина некаде на хоризонтот. Да имаше кој да гледа, ќе речеше дека се претвори во тоа зрнце светлина.
Колку траеше сето тоа? Еден живот? А колку е тоа? Дали тој беше млад или стар? А зарем тоа можеше да се одреди? Каде замина? И зошто?
Немаше кој тоа да го види.
Но благодарение на него, уште едно зрнце светлина сега лута по овој свет.
NuTella
Син
Пред неколку месеци станавме родители. Го добивме нашето прво дете. Син. Голем плачко и невиден серко. Толку гомна во рацете никогаш не сум чувал. Малиот е машина за серење. Бебе, што има друга работа освен да цица, да сере и да плаче. Е, кога веќе почнува да плаче - не прекинува. Со часови. Сопругата прилично тешко го поднесува неговиот плач. Вели дека ја полудувал, дека сакала да побегне од сѐ, дека и’ создавал мигрени па дури неколкупати исфрли застрашувачки, заканувачки зборови коишто не би сакал во оваа прилика да ги набројам. Јас отрпнав на неговиот високотонски звук. Кога плаче се обидувам да се исклучам од напојувачот и во мислите сум на рајски плажи, со коктел в раце и безброј убави жени. Ех, фантазија...
Инаку, денес на жена ми и’ е роденден. Заборавив да и’ купам подарок, бидејќи се на се, во последниве дваесет и четири часа, спиев само пет. А и платата веќе ја потрошив на пелени. Вечер ќе и’ предложам да направиме ќерка, како роденденско изненадување.
Фризерај
Муабети во локален фризерски салон:
-Ау,што сум јадела денес штипска пастрмајлија,-Ќути,јас од лани немам јадено,на диета сум,-Ќе пиете две турски?-Да,без шеќер,-Заради диетата?-Да,-А по кафани што пиеш?-Само француско вино,а за доручек битолски јогурт,-Со јуфки?-Да,со јуфки,и со галички кашкавал,-Јас пак обожувам руска вотка,-На екс?-Да,на руски начин,-Леле мене тие Русите ми се одвратни,руските мафии најопасни биле,-Ех,тоа одамна,сега више не се,само на филм,-Европските филмови ми се одвратни,-Да,ич не ги сакам,анемични ми се,-Затоа холивудските ги гледам на кино,-Јас имам холивудска депилација направено,-А јас бразилска,-Тасма?-Да,скроз,-Браво..
Македонска работа...
Милениче
Денес поминував покрај продавницата за миленици.Со сопругата немаме деца, и низ годините, еден најситен дел од празнината пополнувавме со разни животинчиња. Вниманието ми го привлече шарениот папагал што збори. Како да голтнал човек, се запрепастив од начинот на којшто си го изговараше своето име. Го купив без размислување и го однесов дома. После неколку дена, сопругата како со студена вода ја згасна кај мене еуфоријата, кога ми соопшти дека птицата не изустува ниту збор. Се прашував зошто: Дали можеби поради силниот мирис на храна што се шири од кујната и се лепи врз парталите? Или можеби поради штирканото, 50 и кусур години старо миленце што стои над телевизорот? Дали поради сивите тапети врз ѕидовите? Или поради вревата на соседите што секојдневно се расправаат со мојата жена? Си помислив, можно е да не зборува поради старите креденци што чкрипат на секое отварање и затварање. Или поради високиот, стар мидер на жена ми којшто го облекува под фустаните. Не знам, папагалот онеме. Сигурно ќе да е поради разликата во годините - тој има 5, а жена ми 65, па логично е да немаат заеднички теми на разговор.
Музиката
Кога бев невработен повеќе имав време за себе и своите интереси. Всушност, тогаш имав сè освен пари, а и не ми требаа. Сега, како вработен со мизерна плата, немам ни време ни пари. Но затоа ги имам викендите кога со огромна љубов копам низ музиката што одбележуваше различни периоди од мојот живот, а која со огромно внимание и труд ја класифицирав и собирав. Некогаш ме инспирираше да пишувам, некогаш да скокам и беснеам, а некогаш да се испружам врз калливото секојдневие кое ѕирка од зад прозорот, немоќно во тие броени минути, дур не завршила песната. Ова е еден од моментите кога гласот на Том Јорк ме поттикна да го споделам овој, за мене , интимен момент со читателите, без некоја посебна причина. Чисто онака, да се потсетам колку е битен звукот во облик на животен саундтрак, особено чист кога од него ќе се истресе шундот на комерцијалното лудило. Музиката, мојата љубовница...
Galadriel Gamgee
За Г.
Некако започна разговорот за него, за тој голем раскажувач, за тој голем поет, за тој тивок боем, за Г. Неодамна беше неговиот погреб за кој надалеку се раскажуваше. Велат: „Па тој нè собра на гозба, не беше тоа погребот на нашиот драг...“
Ја немав честа да ми раскаже приказна. Останаа само книгите после него, остана споменот кој живе во тивките солзи од очите на оние кои ја имале таа чест.
„Тој сакаше да биде закопан во родното место на неговиот дедо, во селото К. Негова последна желба било токму во ова село да биде погребан и неговата песна „З.“ да биде прочитана на закопот. Се пиеше ракија, вино, се јадеше убава храна, се збореше за него. А тој, великанот, својот мир го најде под едно дрво. Но, тој не се наоѓа 6 метри под него, тој остана над него, со книгата покрај него, со убавата ракија до него, и со луѓето од сите страни насобрани, нестрпливи да ја слушнат следната и следната приказна... “
И јас, сум најпосле таму, меѓу сите нив, чекам...
Елла
Грев
Гледав како ја мачи со години.Таа добра, предобра. За сите убав збор и топол дом. После ќотек немерен, што луѓе прибирала. “Само под мишките не е удрена”-jа жалеше баба ми. Велев да го пријавиме, да ја заштитиме. Баба ми ме преколнуваше да не се мешам. ”Секој со маката” - велеше. ”Не можеме ништо. И нас ќе не отепа”. Таа се разболе и само што се врати од операција, а тој ја бркаше низ дворот со ластегарка. ”Му ја има пресолено манџата” – дури сеирџиски коментираа соседите. И сите молчеа ко риби. По мозочниот удар остана неподвижна, а умот бистар и буден.Тој мораше да се грижи за неа. Никого дома не пушташе. А неа надвор не ја видовме. Ја преколнував баба ми да оди кај неа. Ја бркаше сè дури не се понуди да му исчисти, да ја одмени. ”Ох душа слатка, што ја снајде сиротица. Од чиста што беше, сега да лежи засмрдена и заборавена. Во едно сопче темно ја напикал, непроветрено, воздухот на моч што базди да го дише. Го молев да ја искапам на едно столче, да се освежи маченицата. Не дава, ѓавол да го земе. А таа плаче ли плаче, не запира”. Таа ноќ го видов како ги спружира и суши мочаните памперси. Не можев повеќе. Мрак ми падна и не ме осамна. Сега нека ме чека во пеколот. Ќе ја одмаздам мајката што никогаш ја немав.
Џ.Х.
Поет
Едно момче сакаше да стане поет. Пишуваше од изгрејсонце до зајдисонце. Мајка му мислеше дека си ја уништува иднината и дека целото соседство им се смее затоа што синот станал поет. Реши да стави крај на агонијата. Влезе во собата и му ги исече нозете. Си помисли дека ќе престане да пишува. Напротив, синот пишуваше уште подобро. Најпосле му ги исече рацете, но со помош на неговата сестра тој продолжи да пишува. Една вечер, гневен на својата мајка и' кажа: „Сè додека моето срце чука, а мозокот создава најубави слики коишто ги преточувам во зборови, јас ќе пишувам.“ Таа вечер мајката влезе во собата на својот син и со сопствените раце му го извади срцето, а со ножот, дел по дел, му го вадеше мозокот. Искасапеното тело и неговите книги ги пронајдоа кога се појави изгрејсонцето.
Со лисици на своите раце, помисли дека го сопрела пишувањето, но виде дека целото соседство ги читаат неговите книги. Кога влезе во болничката соба забележа дека ѕидовите се испишани со неговите песни. Почна силно да плаче, да вика и да се удира со рацете по телото. Тогаш забележа дека по целото нејзино тело, со нож, беа врежани најубавите стихови на младиот поет.
John Smith
Глуво време
ПОЛНОЌТА е црна. Глуво време. Старите велат, седи, сега ништо не се прави. Шетаат самовили.
А што кога е ден? Младост, безнадежност, самотија, бездна, духовна суша. Во еден лавиринт—сите. Од тој лавиринт—никој. Замаглени, тесни патчиња. Секој си го бара излезот, вика за помош, но е глув пред ехата од туѓите крици.
Живееме во полноќ бескраен. Црнила ширум и попреку. Нашево црно семе никако да извади добар плод. Пирејот е посилен. Во оваа пустина наша вирее.
Самовилите и не се многу лоша опција?
Картонски живот
Си го спакував животот во картонски кутии и со тоа ги разбудив од долгиот сон. Сите тие беа живи! Имаа уши љубопитни и приказни за раскажување.
Ги собрав на едно место сите: „книги“, „облека“, „садови“, „сешто“... Додека се подготвуваа да си дадат меѓусебен извештај за чуеното, вревата од сообраќајот и брмчењето на камионот им ја расипа долго очекуваната шанса.
Подоцна се најдоа повторно во мир, во соба полна далечни еха, и токму кога помислија дека сега ќе проговорат за сѐ што внатрешноста нивна им кажала—повторно се најдоа сами. Празни, полу искинати, без дно, стуткани во еден темен, тесен, лимен простор, каде што ја слушаа тажната приказна на една скршена чаша.
Беше ова едно сурово априлско утро, помнам, кога појдов со мојот џебен идентитет и картонски живот во потрага по нова надеж.
Габриела Стојаноска-Станоеска
Незаборавна слика
Истрчувам во неоградениот двор за да видам што прави мојот четиригодишен син, случајно да не излегол на прометната улица и го гледам како возбудено скока и трчка лево-десно по тротоарот обидувајќи се да фати барем едно од памучните топчиња кои летаат низ воздухот. Не можам да се сетам како се викаат дрвјата од кои потекнуваат, знам само дека и јас сум ги ловела како мала.
- Среќа! – вика син ми. Среќа, среќа за мајка ми! – и граби избезумено по белите пајажинки кои за малку му се измолкнуваат низ прсти.
Не мора да ги фатиш сине – помислувам – веќе ми ја подари.
Авторка
Белио
Мојо цимер Белио беше вљубен во својо професор по литература. Не беше то педерска љубов, иако чоек можеше то да си помисли ко ќе го видеше Белио како сио светнат и распењет објаснува за најновио роман на професоро. Инаку професоро бил многу начитан, продуховен и згора на сè душа чоек, еден од ретките писатели од тој калибар на денешницава. Така велеше Белио, а да се разбериме, Белио никош не лажи, то го знат сите. Арно ама, ко зеде да пишува семинарска за негојте раскази и сите до еден ги препрочита Белио почна да темнее абе небаре татко му умрел. Расказите се прекрасни, да видиш да позавидиш, те зафаќаат од разни страни и те носат на разни места, јазикот, па за јазикот сум ти зборувал, збор да нема, но крајо, краејте... и тука Белио се расплачи, да му ибам будалио, се плачело за таква работа, краејте му личат ко јајце на јајце, обавезно некој чоек исчезнува, се крева в облаци... И ете ме мене, морална поддршка на Белио кај професоро дома за в лице да му каже ко маж на маж. Белио почнува, а јас в земја пропаѓам и кога гледам кружи над нас професоро и нè влече со Белио в облаци, а тој бел како крпа, побел го немам видено, а сепак ме држи, не ме испушта, шо ти се вели другар.
Ohooo,mashala...
Испратено на 13 септември 2010 од MadafakaOhooo,mashala...
Путер на Зоран Бејковски е
Испратено на 13 септември 2010 од LeylaПутер на Зоран Бејковски е мојот апсолутен фаворит за оваа недела. И пошироко... ;)
Леле промовира инцест тај
Испратено на 13 септември 2010 од СрбољубЛеле промовира инцест тај путер. Катастрофа је!
Не промовира. Си
Испратено на 13 септември 2010 од LeylaНе промовира. Си раскажува.
Лоша работа е инцест, фала богу, ама убаво скоцкана творба. Запаметлива, во секој случај. Од се' што прочитав, Путер ми остана во глава. Скандалозен е! :D
мени је та прича о маслацу
Испратено на 13 септември 2010 од Србољубмени је та прича о маслацу чудна. Али нема везе!
мени је та прича о маслацу
Испратено на 13 септември 2010 од Србољубмени је та прича о маслацу чудна. Али нема везе!
Mene nekolku
Испратено на 13 септември 2010 од NekojsiMene nekolku drugi-Covekot,Muzikata,Milenice,Sin,Nurkacka i Drugarki,...
Вдовица Се што имав
Испратено на 13 септември 2010 од РемекВдовица
Се што имав беше големо колку еден ден. Немаше ништо невообичаено во моето однесување, а сепак знаев дека нешто ми фали. Тој ден кога одлучив да заминам на блиските пријатели им ја открив најголемата тајна. Сите знаеја дека никогаш повеќе нема да се вратам. Јас едноставно бев среќен. Тргнав кон Бомбај и единствената желба беше да купам слон и да се оженам со најубавата Индијка. Патот кој го доживеав во смрдливиот воз беше незаборавен, не дека многу ми мирисаше, но ме будеше секое туѓо дишење, се ежев од туѓите погледи, се срамев што сум неприродно бел. Пристигнав, за првпат дожд во Индија, на железничката сите ми се радуваа, ме нарекоа Бериќет. Можеби и носам среќа, не знам, ништо не им открив, но наредив веднаш да ми ја донесат најубавата Индијка. Впрочем тие не ни знаеја дека јас сум рускиот цар. Си молчев, не и се допаднав на ниту една девојка, велеа дека сум превисок, преслаб, премногу бел, чудно црвен, смешни изговори, а само јас знаев кој сум и колку е беден мојот ден.
По три години станав индиски цар. Немав ништо друго освен 7 жени, 42 деца, цела Индија, половина Русија и понекое чувство за својата грдост. Но, сепак јас си бев бескрајно среќен, впрочем јас бев Бериќет во туѓиот дом. Сега кога заминувам од Индија во себе носам само сеќавање на првиот ден во Бомбај, на најубавата девојка со најголеми маслинови очи, веќе вдовица.
Ремек
ремек, абе ти филозофираш
Испратено на 14 септември 2010 од Мамлазремек, абе ти филозофираш тука?
Господинот Манушев би го запрашал што му значи зборот ПЕНТЕРЕШЕ? ПЕНТЕРИ? не се вели: СЕ ПЕНТАРЕШЕ. и како може сонце да се ПЕНТАРИ ве молам. Тоа е невозможно!
Човек се пентари, мајмум, ама не и сонце,
Мамлаз, не си од Велес за да
Испратено на 14 септември 2010 од АнонимнаМамлаз, не си од Велес за да знаеш такви работи. И остај го човекот на раат. Па фала богу дека сонцето се пентери, т.е. се искачува високо на небото.
Mamlaze:)))) Znaes i sam, vo
Испратено на 14 септември 2010 од Mane ManusevMamlaze:))))
Znaes i sam, vo mojot raskaz ke se penteri se so ke posakam jas, duri i Gospod se penteri po neboto, a i Ti se penteris na mojot raskaz:)))
Pozz
Едити дајем петицу, јер она
Испратено на 14 септември 2010 од СрбољубЕдити дајем петицу, јер она употребљава српске речи на крају приче тако да је расказ УТИЦАЈНИЈИ:
ЗАШТО? Сви се питамо ЗАШТО!
Шопов је у штосу: Иц а
Испратено на 14 септември 2010 од СрбољубШопов је у штосу: Иц а рејнинг деј, алелуја иц а рејнинг деј...
Е зборот не е ПЕНТЕРИ, туку
Испратено на 14 септември 2010 од МамлазЕ зборот не е ПЕНТЕРИ, туку ПЕНТАРИ! А можеби ако во Велес така зборувате, добро. Но, во Скопје се вели ПЕНТАРИ.
Да, јас можам да се пентарам, но не може сонцето да се пентари. Сонцето се искачува, пополека, ползи, а мајмун се пентари. Пентарењето е всушност движење со неправилни движења кон висината. Ко алпинизам. Сонцето не изведува никаков алпизам, али добро! Нема везе:)
поздрав
Мамлаз!
Господине Манушев, ама не се
Испратено на 14 септември 2010 од МамлазГосподине Манушев, ама не се лутете! Расказот многу ми се допадна. Сопствениците на дуќани или станови буквално се ќе ни земат што на крајот остануваме ГОЛИ!
Сега вака да прокоментирам.
Испратено на 14 септември 2010 од СтојчеСега вака да прокоментирам. Мене повеќето раскази ми се правени по некаква шема, која можеби е исправна, но според мене ги прави досадни и монотони и покрај тоа што сакаат да искажат нешто. Анонимна пред една недела даде дефиниција. Ако овој расказ треба да е нешто посебно и да спаѓа во творби на 21 век, треба стварно да носи различни елементи и да не се одликува со истите почетоци, истите краеви.
Освен тоа има и граматички грешки, запирки пишувани до зборовите кај еден-два автора. Затоа ќе замолам повеќе внимание наредниот пат.
Поздрав
Стојче
Да се доизјаснам. Некои
Испратено на 14 септември 2010 од СтојчеДа се доизјаснам.
Некои автори упорно го прават следново:
ШЕМА1:
блаблабла у минатото.
блаблала: денес тој прави нешто и сеа ај да извучеме заклучок.
ШЕМА 2:
блбалбалбалалба
Нешто не е јасно на крајот, ај сеа да му ја најдеме мајката...
Стварно е станато СКУЧНО!!! СКУЧНО Е!
Стојче, епа онда не читај
Испратено на 14 септември 2010 од СрбољубСтојче, епа онда не читај приче кад ти је скучно! Иди ча! Али можда је мало досадно.
Поздрав
Aman be Stojce,mnogu
Испратено на 14 септември 2010 од NekojsiAman be Stojce,mnogu nervozen si bil.....ubavo ti kaza Srboljub,ne mora da citas ako e SKUCENO...
Добро, бре Србољуб, љуби си
Испратено на 14 септември 2010 од АнонимнаДобро, бре Србољуб, љуби си ја Србија и српскиот, ама дај те молам престани со овој твој јазик. Малку по малку цела коса ќе ми се исправи како што ги читам твоиве коментари.
Стојче, одлична забелешка, се
Испратено на 14 септември 2010 од Ај Стојче ај :)Стојче, одлична забелешка, се согласувам. Ај сега биди љубезен и најди барем два-три или еден кои барем малку се изместуваат од шемата или по нешто друго заслужуват по некој убав збор :)
Ево опет анонимне гунѓалице!
Испратено на 14 септември 2010 од СрбољубЕво опет анонимне гунѓалице! Зашто да прекинем? Па свако има право на коментар! И кад се разуме, зашто па да не! Ја сам мислио да су аутори ту отворени људи! Али покушаќу мало да променим... следеќи пут биќе боље.
Поздрав свима!
...Неидентификувана
Испратено на 14 септември 2010 од Трендафил...Неидентификувана идентификација... мене ми се свиѓа жаргонот на Перунот или Перуника шо и да е... важно е да е идентификувано!
Ти бе Стојче сигурно имаш
Испратено на 14 септември 2010 од Стојче ДвојчеТи бе Стојче сигурно имаш пратено расказ надвор од шемата,ааа ти откриваш некоја овде невидена матрица ааааааааа :)) само уште да го најдеме твојот расказ. Абе,да не е твој оној под псевдоним гробно билје т.е Перуника т.е Богот олца, жими тој има шема: Барање такозвана поранешна молба, или,ако не е тој тогаш ти не си Стојче туку Стефче со расказот „длабоки љубовни теми“ влетани насред радио пренос... или... абе кој е твој,кажи да ни даиш пример... Не, заебанција на страна, дај кажи уште нешто, кога веќе почна
Стојче двојче грешно
Испратено на 14 септември 2010 од СтојчеСтојче двојче грешно бројче:) Баш генијалец си ти... Ууу сега си двојче и баш е лудо. Утре ќе направиш СВЕТСКО ЧУДО. Двојче си ама умна глава. ГЕНИЈАЛЕЦ СИ ТИ ууу.
Да бе, и ја имам расказ ај погаѓајте:)
Abe drustvo nesto
Испратено на 14 септември 2010 од Homo sapiensAbe drustvo nesto zabeguvate.aj ako moze da se vratime na raskazive a sto mislite?Mislem , bi bilo ubavo da procitam nesto sto ima vrska so raskazite a ne nekakvi blebetanja.Blagodaram.
Ама луѓе вие сте стварно
Испратено на 14 септември 2010 од СтојчеАма луѓе вие сте стварно нетолератни! Некои ако блебетаат според тебе Хомо сапиенс, кажи ти нешто. Јас не се согласувам со таквите изјави на господинот хомосапиенс. Зошто еве ти не изјавиш нешто. Во погорниот дел ги прикажав двете шеми на досадно раскажување. Да повторам:
Некои автори упорно го прават следново:
ШЕМА1:
блаблабла у минатото.
блаблала: денес тој прави нешто и сеа ај да извучеме заклучок.
ШЕМА 2:
блбалбалбалалба
Нешто не е јасно на крајот, ај сеа да му ја најдеме мајката...
Да додадам уште една ШЕМА,
ШЕМА 3:
Сум го читал Кафка (е добро де, а со тоа го условуваш читателот да го прочита Кафка за да те разбере) или сум го гледала Рокосифреди (па мора да знаеш кој е тоа). Иако е ова малку банално што го пишувам, рече добро Анонимна. Кусиот расказ е расказ на 21. век, а според мене преносно век на компјутери, никој нема време Кафка или Рокосифреди (за второто не знам) да го гледа. Нема време за тоа. Со ова сакам да кажам дека кај мене не палат такви работи како Кафка Мафка!
Е сега кон позитивните и непозитивните работи:
Станоевска и НуТела продолжујат по стариот терк. Имаат добар стил, но пишуваат постојано теми МАЈКА и ДЕЦА.
Иако ќе се согласам со погорниот читател за ПЕНТЕРЕШЕ, кое правилно кај нас би било во Скопје пентареше, расказот на господинот Манушев со куклите многу ми се допадна заради темата на разголување на човекот, заради неговата природа да гледа и да биде гледан од другите, заради темата на капитализмот односно општеството во кое сме разголени на витрина и сме жртви на ова општество. Витрината е симбол на купувањето-продавањето односно на целиот наш поредок (може можда и на друг начин да се сфати). Е сад како желите тако схватајте, како што би рекол Србољуб.
Расказот на НуТела Фризерај ми остави посебен впечаток. Единствената критика е недоброто форматирање на запирките кои стојат до секој збор. Добро се насмеав за неговата содржина. Би рекол дека НуТела си можела подобро да го развиеш тоа со македонската работа оти има и некои други типични работи кои паѓаат во очи и се доста смешни, но мислам дека овој расказ е многу добар.
Расказот Путер има добар стил и добро прикажување на сликите. Добар опис пред се. Но, мене ми фали некаква алка меѓу тие слики, за жал некои работи не ги разбрав и покрај тоа што расказот е доста јасен. Расказот Путер ме потсетува многу на еден расказ од минатата недела, ми се чини Гулабица, посебно поради начинот на прикажување на симболите и сликите. Но, тоа е само градбено, не и содржински.
Глуво време ми се допадна исто така. Мада е малку компилација од други работи. Не знам дали господинот Смит мислел на Пиреј, на Црно Семе и на други книги, но неговиот раксаз е полн со симболи, кои ми се допаѓаат. Но, као што кажува анонимна Севремено е!
mene mi se dopadna raskazot M
Испратено на 14 септември 2010 од devojkamene mi se dopadna raskazot Milenice bidejki jas si go sfativ simbolicno i toa niz eden dosta interesen nacin vsushnost e pretstaven monotoniot i pomalku nesreken zivot na edna povozrasna bracna dvojka bez deca i toa niz pricinite poradi koi papagalot prestanuva da zboruva a zaklucokot deka mozebi glavnata pricina e razlikata vo godinite me asocira na toa deka soprugot sepak svesno ja prifaka monotonijata vo kojashto ziveat i dvajcata>>>dosta interesno
nekoj nemal vreme za Kafka a
Испратено на 14 септември 2010 од madafakanekoj nemal vreme za Kafka a ima za raskazive?
Madafaka, raskazive ti se
Испратено на 15 септември 2010 од StojceMadafaka,
raskazive ti se kratki. Kafka tie po 50 do 300 str.
taka sto razliakta e VIDNA!!
pozdrav
stojce
Јас го сакам Шопов. Плус, го
Испратено на 15 септември 2010 од MarijanaЈас го сакам Шопов. Плус, го сакам пишаниот израз на Ѓоко Бушавиот. Надвор од тема, на вториов му го честитам излегувањето од печат на прозното првенче „Палиндром со две н„. Е сеа, битно се наметнува прашањето, зошто ги сакам? Затоа што имаат стил. Изграден. Според мене, симпатичен, пивок и најблиску до тоа што се подразбира под терминот краток расказ. Секоја недела читам како се поткарувате, почнувате или завршувате расправи(и) на тема кој каков автор е, и секоја недела концизно моите коментари се по една реченица само колку да си го кажам фаворитот. Но, луѓе, сите на погрешна страна ја водите водата со коментариве... Многу сум против пишување раскази во коментар. Сакаш да учествуваш? Имаш недела дена да пратиш расказ. Адресата ни е добро позната на сите. Расказ пишан во коментар кажува, јас сум над вас, над конкуренција, не ми треба мене комисија. Второ, што е муабетов со српскиов? Ќе да е ова демократска земја, но ова е конкурс за кус кус расказ на македонски јазик. Точка. Крај. Биди си ти србољуб колку сакаш, но почитувај.
Да, некои раскази се шаблонизирани, како пример ќе ги посочам тие со тема „Сакам да бидам поет“. Муабетов, човекот сака да пишува.. и во меѓувреме цел свет е против него или опишува колку е убаво да се пишува. Може ќе ми се зајадете за тоа дека овие двајца гореспоменативе се со изграден стил. Во самоодбрана може и да речете дека затоа служи конкурсов, да се изградиме како писатели. Но, неможе некој да праќа раскази осма недела по ред и сеуште да се врти во круг со истите зборови и теми. И за крај ќе кажам, не е секое опишување на изгрејсонце краток расказ. Краткиот расказ треба да образува една целина. Да е завршен. Најчесто има кружна матрица или пресвртот се случува во последните две-три реченици.
А, сега одам да се скријам зашто знам ќе летаат пцовки на мое име.
Pa pocitujem!
Испратено на 15 септември 2010 од SrboljubPa pocitujem!
Marijance ja se soglasuem so
Испратено на 15 септември 2010 од SrboljubMarijance ja se soglasuem so tebe. Ama moze malce da prokomentisem. Pozdrav
Како што разбрав од
Испратено на 15 септември 2010 од АнонимнaaaКако што разбрав од коментарите авторите на кратките раскази се повторуваат и повеќето се шаблонизирани. Можеби... Навистина ценам туѓо мислење! Но, прашањата кои само по себе ми се наметнаа на кои теми да се пишува, а тие да не биле веќе обработени на еден или на друг начин? Сметам дека умешноста на еден автор е во тоа, една тема да ја прераскаже на креативен и единствен начин. Ајде тогаш да видиме кои теми се навистина така раскажани. Па, дури и расказот на Шопов од претходните недели, мислам дека се викаше Лавиринт, е веќе позната тема, многу пати пишувана и прераскажувана на еден мал милион начини, па сепак Шопов ја напишал на интересен, креативен начин, притоа напишаното ми остави навистина убав впечаток. Проблемот којшто се провлекува и во постмодернизмот е повторувањето на темите, па затоа се тежнее кон менување на начинот на пишување. Дали навистина сметате дека сите овие раскази немаат поинаков пристап кон раскажувањето на една иста тема? Мислам дека не треба да се потценува еден автор доколку има зацртано една тема која ја обработува. Напротив, мене ми се интересни расказите на Нутела и на Габриела бидејќи сметам дека имаат добро изграден стил. Иако некои теми се повторуваат, нивниот стил е препознатлив и ме остава со пола воздишка. Никој до сега не го спомна расказот Шлаканица. И оваа авторка се гледа дека има добро изграден стил. Иако темата е веќе прочитана, начинот на којшто е напишана исто така, ме остави без здив...
Сега дури сватив дека идејата
Испратено на 15 септември 2010 од ViktorСега дури сватив дека идејата била да се напише краток постмодернистички расказ, а не краток расказ. Еве, ко за лаик кој врска нема од правила и прописи за пишување расказ, искрено да си кажам дека генерално ми е смачено од обидите да се каже нешто ама во така „поуметнички“ манир, што скоро по default се одразува како неавтентичност во изразот. Не мислам дека некој копира нечиј веќе признаен стил, но не можам да се оттргнам од чувствотот дека ретко ја доживувам првичната идеја на авторот преку крајното дело - расказот. Постојано чувствувам дека она што го натерало да почне да го пишува конкретниот расказ го изгубил некаде попат барајќи ја „најатрактивнта“ форма. Веројатно ми се допаѓа експресионизмот, а? Или импресионизмот (што знам, веќе реков дека сум лаик). Кафка некако ми се чини дека треба да се остави настрана од целава приказна, тој немал проблем со автентичното пројавување.
Здраво Виктор, целта не ми
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеЗдраво Виктор,
целта не ми беше Кафка или Мафка, целта ми беше да кажам дека се земаат писатели во контекст и тие се употребуваат за да се постигне некакво значење. Мене тој елемент не ми се допаѓа посебно кога не сум ја прочитал книгата. Затоа реков Кафка, може да биде и друг.
Извини Стојче, не беше
Испратено на 15 септември 2010 од ViktorИзвини Стојче, не беше упатено на никого конкретно.
Всушност Кафка е навистина добар пример за она што сметам дека е многу битно кога некој пишува воопшто - да се дозволи „поривот“ да излезе надвор од авторот и при тоа да се следи како ја „изнаоѓа“ нему соодветната формата за изразување. Па тука да се види умешноста на вообличување. А не да биде „сосила“ сместуван во некоја актуелна форма на изразување.
Здраво, јас не се согласувам
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеЗдраво,
јас не се согласувам со тебе со една точка, Анонимна! Но, баш тебе ќе те цитирам бидејќи самата си рече: " па затоа се тежнее кон менување на начинот на пишување". Јас не сакав со мојот коментар да кажам дека темите се повторуваат. Темите СЕ повторуваат и тие се раскажани на сто и еден начин. Но, тоа што сакам да кажам е спротивно од твојот цитат. Значи, не се променува начинот на пишување.
Јас не мислам дека авторите тежнееле кон менување на нешто. Јас напротив убаво си кажав дека има шематизација, а тоа е факт бидејќи успеав во три шеми на раскажување да ги претставам повеќето раскази, јасно е дека тоа се случува тука.
Јас не мислам дека стилот не може да стане досаден. Напротив, стилот и обработувањето на темите од страна на еден автор може и те како да стане досаден за читање, посебно ако авторот ги користи истите (јазични) цаки од претходните дела. Ете на пример, го читав Томас Ман, језда човекот добро пишуе, ама проблемот е тоа дека откако го прочитав Буденбрук бев воодушевен, го прочитав Смрт во Венеција и почна да станува досадно, сега го читам Феликс Крул и е многу досадно само затоа што авторот на долго си знае да си прикажува и дека ги користи истите начини на раскажување, дрндање со проштење на израз.
Ако тебе те оставаат без здив, мене ме оставаат да свртам друга страница:) Не сите, се разбира! Реков има и многу добри раскази кои ги спомнав погоре!
ne samo jazicni caki, tuku
Испратено на 15 септември 2010 од Стојчеne samo jazicni caki, tuku zboram i celinski pretstavuvanja i sliki.. itn.
Stojce sigurno avtorite na
Испратено на 15 септември 2010 од Mane ManusevStojce sigurno avtorite na raskazite ne se sobrale prethodno na nekoj sostanok i ne se dogovorile okolu "trite semi" ili toa da ubijat nekoj citatel so svojot jazicen stil, temata, formata i strukturata na istite.
Momentalno gi slusam Orthodox Celts se spremam za utre za na Pivolando-ot, i dosta od tie raskazi mi se cinat interesni i mozam da kazam deka se vklopuvaat vo toj muzicki ambient. Se nadevam deka me razbra sto sakav da ti kazam.
Pozz
ми ласка фактот дека Стојче
Испратено на 15 септември 2010 од Nu Tellaми ласка фактот дека секоја недела Вие читателите ме читате
и ме коментирате соодветно вашата импресионираност или
неимпресионираност од моите раскази;поштуем
Понекогаш ќе им се допаднеш на луѓето;понекогаш не;но
најбитно е да бидеш забележан:коментиран и да не се претопиш
со масата
И;кога сме веќе кај тоа:јас пишувам за МАЈКИ И ДЕЦА?
Не се сложувам со оваа забелешка:ако грешам:значи некој друг
праќал раскази од мој меил а тоа НЕ Е МОЖНО:)))
Здраво НуТела, за мајки и
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеЗдраво НуТела,
за мајки и деца ти се сите раскази. Минатиот пат беше за хомофамилија и мајка, а сега милениче и брак. Така што не би рекол дека не пишуваш за мајки и деца. За мајки и деца пишуваат и други, точно е тоа, но и ти:)
Rektifikacija: za majka i
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеRektifikacija:
za majka i deca ti se NEKOI raskazi! Izvini:)
p.s Зарем навистина човек тре
Испратено на 15 септември 2010 од Nu Tellaдела на Кафка(од педесет до триста страни);за да сфати што
сакам да кажам со ултра кусиот расказ Кафка?
Па не сите. Едно е доста да
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеПа не сите. Едно е доста да се прочита. Ама ни за тоа немам време!
Кафка пишуе за некаквоси оттуѓуење, али ако не си читал. сигурно нема да ти текне зошто го спомињаш. Не се љути:)!
navistina , majki i
Испратено на 15 септември 2010 од abcdnavistina , majki i deca.dosadno e veke.
Evo i mene! E ljudi
Испратено на 15 септември 2010 од SrboljubEvo i mene! E ljudi posvadjahu se. Sve su price dobre!
Уште нешто! НуТела, немој да
Испратено на 15 септември 2010 од СтојчеУште нешто! НуТела, немој да си придаваш важност, јас ако те спомињам тебе, тоа е поради тоа што те спомнаа други па ја да прокоментирам. Инаку сите раскази на сите автори се вредни. Не би рекол дека се глупости, немам намера да навредувам со тоа што кажав дека има некои шеми! Од друга страна, па шематизацијата не е толку лоша! Се доизградува писателот на тој начин! Е сеа, мене ако ми едосадно, на други не им е! Нека испуштаат здив како Анонимна!
No, kako sto rekov, i tvoite
Испратено на 15 септември 2010 од StojceNo, kako sto rekov, i tvoite raskazi NuTela mi se dopagaat ponekogaszatoa raduj se sto komentiram:)
Мене ми се допадна што има
Испратено на 15 септември 2010 од коментаторМене ми се допадна што има толку многу раскази кои ја третираат темата на хомосексуалност, па и работи кои се сметаат за доста лоши како инцест, итн. кои слободно зборуваат за тоа, за работи кои обично во наша средина не се зборува. Или на пример затруднета девојка надвород брак.
Јас мислев дека е тоа табу во нашата затуцана средина. Стварно се изненадив што на овој форум толку слободно се зборува за тоа и не се прават погрдни референци од никого во однос на тоа, како на други форуми. Би ги пофалил сите коментатори. Доброто е во тоа што колку повеќе се зборува за нешто, толку повеќе станува тоа јасно, зборувам сега за хомосексуалноста. А уште е подобро кога тоа стои налист хартија!
И покрај тоа што сите скоро се анонимни би ги пофалил сите кои зборуваа на оваа тема: Елла со пенисохалапљивиот лекар, Бејковски со ПУТЕР и инцестуални врски, ВиЗа со лезбејките сеа што сакаат да бидат заедно а не можат и со двополноста итн., НуТела со нејзината&неговата хомосексуална спална и некои други кои сега за жал ги заборавив, ама ако ми текне ќе ги спомнам.
Поздрав
коментатор