Волците од Чернобил ја напуштија радиоактивната зона

09.07.2018 23:32
Волците од Чернобил ја напуштија радиоактивната зона

За нуклеарната катастрофа во Чернобил од 1986 година се знае практично сè. Така се викаше нуклеарната електрана кај градчето Припјат во кое ноќта помеѓу 25 и 26 април пред 32 години експлодираше нуклеарниот реактор број 4. Денес, Припјат е пуст, подрачјето заради претпазливост е затворено за јавноста, луѓе речиси и да нема или има екстремно малку и единствено се развиваат растителниот и животинскиот свет. Само, радијацијата имаше многу време за да направи штета, и ја направи.

Најновата студија, објавена во „European Journal of Wildlife Research“, вели дека сите волци од радиоактивната забранета зона кои се најнормални, во склад со своите нагони, почнале да се селат во останатите делови од светот, што значи дека може да се очекува дека преку овој вид ќе се прошират и нивните мутирани гени.

Од 1986 година до денес волците во тоа подрачје се развиле сосема добро, впрочем како и сите други живи битија, но не затоа што радијацијата им обезбедила некакви супермоќи, туку затоа што природата во отсуство на луѓето се нашла во положба на ригиден природен резерват каков што не постои никаде во светот на толку голема површина.

На никој нормален не му паѓа на ум да шета во тамошните шуми, во Припјат кој делува онака како што и звучи – како постапокалиптично подрачје – а, најмалку во нуклеарната електрана. Барем не без сите можни мерки на претпазливост и упатства што никако не смее да се допира, каде да не се оди, а каде смее да се движи.

Подрачјето е отворено за туристички посети, но со задолжителна придружба за доброто на самите туристи.

Во експлозијата од реакторот во 1986 година во атмосферата се ослободија радиоактивни честички околу 400 пати повеќе отколку во експлозијата на нуклеарната бомба фрлена на Хирошима во Јапонија.

Практично било невозможно да се пресмета колкав дел од радијацијата завршил во Чернобил, Припјат и околните шуми, така што на властите не им преостанало ништо друго освен приближно да проценат дека зоната на нивото на најголемото загадување би требало да го опфаќа подрачјето заградено во радиус од 30 километри од местото на нуклеарната катастрофа.

Најновата студија уште еднаш потври дека природата од една страна претрпе одредени штети, додека од друга, заради бегањето на луѓето од тоа место, сосема подивела.

Нивото на радијација во мовта на тоа подрачје и денес е многу високо, па живите суштества кои еволутивно навикнале да се движат во нејзина близина не поминале добро. Од друга страна, волците се меѓу оние кои поминале многу добро. Нивната релативна густина во тој дел од Украина на самата граница со Белорусија денес е дури седум пати поголема од просечната во другите резервати.

Затоа, научниците логично претпоставиле дека многу млади волци затоа морале да емигрираат на други места.

Успеале да опремат 14 волци со околувратници за следење преку ГПС; 13 возрасни постари од две години и едно „младенче“ на возраст помеѓу една и две години.

И додека возрасните волци строго се држеле до своето живеалиште, се покажало дека најмладиот волк постојано заминува сè подалеку, сè до моментот кога ГПС трагачот не престанал да функционира, затоа што бил дури 300 километри подалеку од зоната на нуклеарната чернобилска катастрофа.

Невозможно е да се каже дали останал таму или се вратил, но лесно е да се претпостави дека не би се вратил од толку голема оддалеченост. Покрај тоа, тоа бил дефинитивен доказ дека барем некои млади волци од радиоактивниот природен резерват имаат навика да одат многу далеку.

На пример, и додека тоа се волци кои не изгледаат поинаку од оние кои човекот се обидува повторно да ги насели ширум Европа во неговите изворни живеалишта – имаат природен број нозе, очи, глава, опашки – факт е дека тие во себе носат оштетени, мутирани гени и дека со своите миграции ги шират наоколу кај другите волчји популации. А, тоа тешко дека може да биде добра вест.

 

Извор: https://www.blic.rs

ОкоБоли главаВицФото