Првпат во Македонија промовирани книги на затвореници

10.07.2018 02:11
Првпат во Македонија промовирани книги на затвореници

Казнено- поправниот дом од Штип и Народната библиотека „Гоце Делчев “ во Штип ги промовираа првите книги на затвореници во Македонија, стихозбирките „Саркофаг“ и „Стихови од една Водолија“ од авторите Бојан Јованов и Жарко Миличевиќ и двајцата од Штип, осудени на пет и на осум години затвор.

За време издржувањето на казните, двајцата затвореници одвоено почнале да пишуваат поезија, а подоцна како членови на затворската библиотека заедно со управата на КПД дошле на идеја нивните ракописи да се објават во посебни печатени изданија чија промоција се одржа во НУБ „Гоце Делчев“ во Штип .

Директорот на Затвор - Штип, Мики Тодоров посочил дека идејата е на осудениците во тој тежок период од животот, кога ја издржуваат казната, да им се овозможи да ја насочат енергијата во позитивна и креативна насока.

Промотор на двете книги беше писателот Трајче Кацаров.

 

Извор: СДК