Колку рекреација е потребно за долг живот

11.07.2018 23:28
Колку рекреација е потребна за долг живот

Освен што ја измерија брзината на светлината, Планктовата константа, оддалеченоста помеѓу планетите во Сончевиот систем, должината на трепките на фетус стар 28 недели и многу други, помалку или повеќе фасцинантни нешта, научниците прецизно измерија колку една личност би требало да се рекреира за да остане здрава и да биде долговечна.

Токму новиот број на списанието „New Scientist“ е посветено на оваа тема, а научниците кои се занимаваат со оваа област ги открија своите заклучоци: возрасна личност неделно треба да помине најмалку 150 минути лесно вежбање или 75 минути „подинамично“. Тоа е доволно за да го продолжите животот, да останете „фит“ и да ги одржувате мускулите во добра форма. Секако, тоа е минимумот што го препорачува Светската здравствена организација, но со напомена дека многу повеќе здравствена корист имаат оние кои поминуваат двојно повеќе време неделно вежбајќи.

Во овие лесни вежби спаѓаат, освен конвенционалната рекреација, на пример, работата во градина, пешачењето, како и работите како всмукување и чистење под. Студијата спроведена 2017 година во 17 држави во која учествувале повеќе од 130 000 луѓе покажа дека пешачењето до работа како и извршувањето вакви домашни работи во текот на 150 минути неделно е сосема доволно за да го намали ризикот од прерана смрт за 28 проценти.

Исто така е утврдено дека подеднакво корист имаат оние кои се пасивни во текот на неделата, но својата доза активност ја надоместуваат за викенд. Дури и оние кои биле активни само за викенд и тоа пократко од оние 150 минути, биле во далеку подобра здравствена состојба отколку оние кои воопшто не ни вежбале.

А што се смета за премногу во однос на вежбањето? Изгледа дека според научниците не постои такво нешто. Клучот е во тоа да не претерувате секојпат. Проблем е што премногу вежбање резултира со чести повреди. Идеалната мера е вежбање три до петпати неделно и тоа преку разновидни активности.

Извор: http://naukakrozprice.rs