Банкрот на национализмот

12.07.2018 01:21
Банкрот на национализмот

Клучниот конфликт во оваа деценија, веројатно може да се дефинира како национализам против глобализам, а не како популизам против елитизам. Каде и да погледнеме – во Соединетите држави, Италија, Германија или Британија, а да не ја спомнуваме и Кина, Русија и Индија – јакнењето на националните чувства е главен придвижувач на политичките настани.

Од друга страна, нема многу знаци на очекуваната побуна на „обичните луѓе“ против елитите. За време на владеењето на Доналд Трамп, милијардерите ја презедоа политиката на Соединетите држави; неизбрани професори ја водат „популистичката“ италијанска влада; ширум светот се намалуваат даноците на сите поголеми приходи на финасиерите, технолозите и корпоративните менаџери. Во меѓувреме, обичните работници се помирија со фактот дека квалитетните станови, образование, па дури и здравството се безнадежно надвор од нивниот досег.

Победата на национлизмот над елитизмот е особено очигледна во Италија и Британија, две држави кои некогаш беа познати по своето флегматично доживување на националниот идентитет. Во Британија е забележливо отсуство на знамиња дури и на зградите на владата, и сè до референдумот за брегзит, луѓето беа толку опуштени во односот кон нацијата што дури не се ни труделе да се согласат околу името на својата држава: Обединето Кралство, Британија или Англија, Велс и Шкотска.
Италијанците уште помалку ги интересираше националноста.

Од основањето на Европската унија, тие беа најголеми застапници на федерализмот, а истражувањето на јавното мислење покажа дека гласачите, до неодамна, повеќе им верувале на челниците на Европската унија во Брисел, отколку на сопствената влада во Рим. Италијаните високо ја ценат својата култура, историја, храна и фудбал, но нивниот патриотизам главно е насочен на регионите и градовите, а не на националната држава. Повеќе сакаат со нив да се владее од Брисел, отколку од Рим. Лига, партијата на екстремна десница, најмладиот член на италијанската коалициона влада, до оваа година се викаше „Северна лига“. Една од омилените пароли на партијата беше: „Гарибалди не е ја обедини Италија, тој ја подели Африка“, а главното барање беше аболиција на државата. Партијата бараше создавање на држава со име Паданија, односно одвојување на северените развиени региони од корупцијата и сиромаштијата што владеат во Рим и јужно од него.

Тогаш, со што може да се објасни ненадејното јакнење на национализмот? Нема ништо особено патриотско во новиот национализам на Италија и Британија, па ни во национализмот на Соединетите држави. Јакнењето на националното чувство повеќе може да се објасни како ксенофобија, онака како што тој поим го дефинираше чешко-американскиот социолог Карл Дојч: „Нација е група на луше кои ги поврзува заедничката заблуда за нивните предци и заедничката нетрпеливост кон нивните сосоеди“. Тешките времиња – малите плати, нееднаквоста, регионалната сиромаштија и штедењето како последица на кризата – предизвикуваат лов на виновници, а странците се секогаш идеални жртвени јарци.

Нема ништо патриотско во воинствениот став на Трамп кон мексиканските имигранти или нативистичките политики на новата италијанска влада или во најславната изјава на Тереза Меј откако стана премиерка на Велика Британија: „Ако верувате дека сте граѓанин на светот, вие сте граѓанин на ништо. Вие, всушност, не разбирате што значи да се биде граѓанин на оваа земја“.

А сега една добра вест за оние кои уште гордо истакнуваат дека се „граѓани на светот“: ксенофобичното настојување да се фрли вината за економските тешкотии врз странците е осудено на неуспех.

Погледнете ги само посткризните настојувања гневот на граѓаните предизвикан од крахот на економијата на пазарниот фундаментализам да се насочи кон „алчните банкари“. На крајот тоа не успеа затоа што банкарите имаат огромни средства да се одбранат, а странците обично немаат такви средства. Ако обвинувањето на банкарите не успеа да го намали бесот на јавноста, пред сè заради тоа што нападите на финансиите ни најмалку не ги зголемија платите, не ја намалија нееднаквоста или ја спречија социјалната негрижа.

Истото тоа важи и за сегашните напади врз странското влијание што го пренесуваат имигрантите и трговијата.
Британија, на пример, полека станува свесна за фактот дека европските теми немаат никаква врска со автентичното политичко незадоволство што мотивираше голем дел од гласачите да го изберат излегувањето на Британија од Унијата. Преговорите за брегзит ќе доминираат во британската политика уште многу години, па дури и децении. А националната конфронтација на Британија со остатокот од Европа, на политичарите од сите партии ќе им биде изговор за неуспехот во сферата на подобрувањето на секојдневниот живот.

Во претстојните месеци или години, гласачите во Соединетите држави и во Италија ќе ја научат истата лекција. Ни таму обвинувањето на странските влијанија кои доаѓаат преку трговијата или имиграцијата нема да направат ништо за подигање на животниот стандард или отстранување на вистинските извори на политичкото незадоволство.

Италија има оправдани жалби за Европа: дволични и неправедни политики кон барателите на азил или мигрантите кои дошле преку море, штетни фискални прописи и економски неписмени финансиски политики. Но новата влада го експлоатира зголеменото национално чувство и во нападите врз реформите, кои немаат никаква врска со Европа, а се клучни за економскиот успех на Италија.

Во периодот по финансиската криза, италијанските влади постепено ги поставуваа темелите за пензии, пазар на работната сила и банкарски реформи. Тие промени создадоа услови за економското заздравување кое почна минатата година, по една децена на рецесија; но тие беа политички непопуларни и сега ги напаѓаат како симболи на елтистичко, странско угнетување. Ако новата влада ги напушти сите три реформски проекти, Италија може да дигне раце од надежта за економско заздравување во текот на идната деценија.

И Соединетите држави ќе откријат дека обвинувањето на странските интереси не е универзален лек и дека, всушност, може понатаму да ги влошува еконмските потешкотии. Трамп мисли дека неговите мерки против увозот од Кина, Германија и Канада ќе ги погодат тие партнери и создадат американски работни места. Тоа можеби би било така во времето кога американската економија бележеше слат пораст и дефлација.

Но во свет на силна побарувачка и растечка инфлација, германските и кинеските извозници ќе најдат нови пазари за своите производи, додека американските производители нема лесно да ги заменат странските снабдувачи. На BMW и на Huawei и понатаму ќе им оди добро, но за Американците тарифите ќе бидат како нов данок: за потрошувачите затоа што цените ќе се зголемат, а за работниците, бизнисмените и сопствениците на куќи затоа што ќе пораснат каматните стапки.

Спротивност на популистичкиот национализам не е глобалниот елитизам, туку економскиот реализам. На крајот стварноста ќе победи.

Извор: Social Europe

 

ОкоБоли главаВицФото