Експериментална електроника

12.07.2018 12:06

„Ова вака треба да е, или звучниците ти се нешто расипани?“
- збунет родител

Мојата музика е секташка.
За сечење вени;
за колење свињи;
музика која само роботи би ја слушале;
Наликува
на изџвакани касети,
на лоши радиосигнали,
на изгребани винили,
на дефектни фајлови.
Мојата музика звучи
како автомобилска сирена,
како пневматска бушилица,
како апарат за чистење кариес,
како мачка во февруари,
како мајмунка која се пораѓа,
како рој мутирани комарци.
И може да ве изнервира
иако не е будилник,
ниту повик од бившиот,
ниту задоцнета плата,
ниту имбецилна реформа.
Затоа, подобро е да не ви
кажувам каква музика слушам.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото