За што заправо зборува ремек делото „Маратонците го трчаат почесниот круг“

13.07.2018 00:49
За што впрочем зборува ремек делото Маратноците го трчаат почесниот круг

Маратонците го трчаат почесниот круг веројатно е најпознатото остварување на српската кинематографија. Нашиот најгенијален драматург од модерното доба, Душан Ковачевиќ, ја напишал оваа претстава кога имал 24 години, додека сè уште бил студент.

Десетина години подоцна неговата драма била екранизирана, па така од една аматерска театарска претстава настанал филмот, кој неколку генерации го знаат речиси напамет.

На почетокот претставата била замислена како сериозна критика на општеството преку трагедија, но на изненадување на Ковачевиќ публиката ја прифатила драмата како исклучително духовита, веројатно не сфаќајќи го нејзиното вистинско значење.

Прикажаните социјални теми, комичните цитати и дијалозите од драмата секојдневно се прераскажуваат и во денешното општество. Дури можеме да кажеме дека станаа еден вид модерни пословици.

Сите ја знаеме фабулата на драмата, но не сме свесни за нејзината минорност во однос на значајно подлабокиот слој на скриената приказна.

Се смета дека поттик за оваа драма на Ковачевиќ му било укинувањето на стипендијата за неговите студии, од за него непознати причини. Плашејќи се за финансиската неизвесност на продолжувањето на неговото образование, се пресметал со тогашната власт која во своето дело ја претставил како погребално претпријатие.

По смртта на Пантелија, преку чиј лик е претставен и самиот Тито, претпријатието (државата) се распаѓа така што наследниците се обидуваат да го распарчат имотот. Впрочем, Пантелија не им оставил ништо. На тој начин Ковачевиќ дваесет години порано ја предвидел неодржливоста на југословенската државна заедница.

На власт се гробари, кои ги погребуваат талентите, вештината, младоста и воопшто сè што вреди во земјата. Со својата расипаност, неспособност, ненаситност, различните од себеси ги бркаат од земјата или ги носат в земја за да добијат поголема моќ.

Интересен е начинот на кој Ковачевиќ ја претставил смртта во драмата. Во делото умира/страда речиси секој лик што се појавува, освен семејството Топаловиќ. Тие живеат долго, дури и над 150 години, и никој не може да ги запре.

На крајот од филмот остануваат живи со искажана намера да направат уште некое недело. Јасно е што сакал да прикаже Ковачевиќ со тоа – таквите луѓе не умираат, непобедливи се.

Целокупната порака на драмата ѝ се провлекла на острата цензура на југословенската кинематографија. Додуша, тие долго ја одложувале проекцијата на филмот, веројатно сомневајќи се дека целото дело мора да биде алегорија. Но, на крајот исфрлиле само некои помалку важни сцени (еротски), кои не ја менувале смислата подлабоко.

Душан Ковачевиќ одлично ја сокрил својата порака, така што временски ја сместил во ерата на Кралството Југославија (инсертот од Марсејскиот атентат на почетокот), што добро им ги замачкало очите на цензорите.

Генијалноста на Душан може да се согледа во тоа што успеал да ја насмее целата нација, додека во исто време остро ја критикувал власта. Неговата 40 години стара трагикомедија и денес е подеднакво смешна и жална истовремено, зашто нејзините теми се актуелни како и состојбата во Балканските држави.

Извор: https://kultivisise.rs

ОкоБоли главаВицФото