Момците од Медисон

14.09.2010 11:47
Момците од Медисон

Извршниот продуцент и авторот на Сопранови, Метју Вејнер, добитник на наградата Еми, ја смести оваа серија во Њујорк од шеесеттите години. Серијата го следи животот на немилосрдно компетитивните мажи и жени од рекламниот бизнис, еден егоистичен свет во кој клучните играчи ја претвораат продажбата во уметност, додека нивните приватни животи истовремено се продадени.

Во 60-те години рекламните агенции имале големо влијание врз масите. Личната и професионалната манипулација, како и сексуалното искористување ги дефинирале работните места и склопувале договори. Жените тогаш само што беа започнале да остваруваат самостојност, контрацепцијата била табу, а етичноста на работното место и етничката разновидност биле нешто од иднината. Серијата автентично ја опишува улогата на мажите и жените од овој период, истражувајќи ја вистинската човечка природа под критиката на традиционалните семејни вредности на 60-те години.

И во четвртата сезона на оваа исклучителна американска серија дејствието се одвива во рекламната агенција Sterling Cooper, сместена во гламурозното опкружување на њујоршката авенија Медисон, која се наоѓа на врвот од својата моќ и престиж, околу 1960 г. За публиката од 21-от век да ја добие вистинската претстава за тоа време, беа ангажирани врвни стручњаци кои ги дизајнираа и украсуваа сетовите, и кои изработија веродостојна костимографија и реквизити кои го пренесуваат гледачот во тоа автентично место и време пред половина век.

Овој ТВ хит кој ги следи корените на рекламирањето стана феномен за кој светските медиуми секоја недела пренесуваат аналитички текстови, а познатата водителка Опра Винфри и’ посвети една емисија во која целата екипа и публиката во студиото беа облечени во гардеробата што ја носат јунаците од серијата. Јулскиот број на списанието GQ донесе уште една анализа на оваа серија, нагласувајќи дека главниот лик Дон Дрејпер е создаден според Дрејпер Даниелс, креативниот директор на рекламната агенција Lio Barnet, кој во 50-те години на минатиот век ја направи познатата кампања „Marlboro men“. Серијата „Момците од Медисон“, која некои аналитичари ја опишуваат како hard drinking, hard smoking и hard fucking коктел, стана феномен благодарение на својата општа некоректност.

Главните јунаци во фиктивната маркетинг агенција се расфрлаат со пушењето, сексизмот, понекогаш и со антисемитизмот. „Момците од Медисон“ претставуваат телевизиски одговор на актуелниот терор на политичката коректност, на форсирањето здрав живот и на вечната младост. Наместо како денешните маркетинг ајкули да вежбаат во теретани, јунаците на серијава голтаат хектолитри виски како поранешните социјалистички директори. „Момците од Медисон“ го вратија сексапилот од минатото, отфрлајќи ја диктатурата на анорексичните жени и депилираните мажи. Главниот лик Дон Дрејпер веќе беше „обвинет“ дека ја вратил во мода влакнетоста („љубовниот тепих“), наспроти Кристијано Роналдо, на пример, кој се депилира и ги лакира ноктите. Главната женска ѕвезда на серијата, која ја глуми Кристина Хендрикс, на радост на мажите, ги врати раскошните облини во мода, наспроти теророт на анорексичните девојки кои за појадок имаат лист салата и две чаши вода.

Поради сево ова, а, се разбира, и поради одличното сценарио и режија, серијата постигна голем успех, воедно станувајќи омилена тема за разните социолози кои се занимаваат со прашањата како „Момците од Медисон“, газејќи ги сите актуелни норми, стасаа до ѕвездите. Дури Дон Дрејпер, во изборот на страницата Ask.com беше изгласан за највлијателен човек во светот, пред претседателот Барак Обама. Американскиот претседател и голем обожавател на оваа серија, немаше ништо против овој избор, па дури и му испрати честитка на Дрејпер. Обама живее во теророт на денешното сеопшто одрекување и почитување на нормите, за разлика од Дрејпер кој ги ужива сите пороци воспоставени во ерата на Кенеди, кога медиумите не диктираа апстиненција.

Треба да се обрне внимание на три нешта: за време на кампањата за претседател, Барак Обама беше сликан во авионот каде што покрај него немарно беше ставен бокс-сет од серијата „Момците од Медисон“; потоа, во првата епизода од втората сезона, главниот лик Дрејпер купува книга поезија од Френк О’Хара, подзаборавен поет од средината на 1960-те, за веднаш потоа О’Хара да се најде на листата најпродавани автори на Њујорк Тајмс; и најпосле, во специјалната епизода на „Симпсонови“ за минатогодишниот Ден на вештерките, Хомер на свој начин го глумеше Дрејпер. Би се рекло – ако ве прифатат Обама и Хомер Симпсон, и ако можете да влијаете на листата на најпродавани на Њујорк Тајмс – тогаш мора да сте успеале! На ова може да се додаде и податокот дека „Момците од Медисон“ оваа и минатата година освоија Златен глобус за најдобра ТВ серија во категоријата драма, и ќе се најдете пред една вистинска мала загатка – како може, покрај сево ова, толку малку луѓе во САД да ја гледаат серијата? Имено, последната епизода од втората сезона во САД ја гледале само 1,75 милиони гледачи, а тоа е за 18 милиони помалку од оние што редовно ја следат „Место на злосторството: Мајами“! Тоа наведе некои критичари да ја наречат серијата „Момците од Медисон“ најпозната серија која никој не ја гледа!

Причината за тоа, пред сè, лежи во фактот дека серијата се прикажува на не толку популистички ориентираниот канал AMC на кабелска телевизија, кој првенствено е наменет за класичниот американски филм, а кој широките народни маси кои се желни за квизови, шеги, интима, крв и спорт го прескокнуваат при менувањето канали. Но ако Американците не се навлекоа на своите „момци“, серијата е вистински хит во Европа, а нејзиниот главен глумец Џон Хем е еден вид резерва за Џорџ Клуни во женските еротски фантазии.

Она што е заедничко за обете страни на Атлантикот е тоа дека „Момците од Медисон“ за само две години станаа несомнени трендсетери во ревитализацијата на животниот стил од 1960-те, почнувајќи од модата, преку дизајнот, па сè до начинот на живот.

На прв поглед, „Момците од Медисон“ делуваат како совршен исечок од носталгијата. И тоа се. Но и многу други нешта. Ова е серија која нè враќа кон зародишот на потрошувачкиот менталитет и општество во кои живееме денес, во време кога мажите беа мажи, а жените главно беа – домаќинки. Од прегратките на економскиот напредок и поделеноста на светот во Студената војна ни стигнува едно поколение кое сфаќа дека светот може да се обликува од рекламните агенции според желбите и потребите на клиентите. Во тој новосоздаден американски потрошувачки рај, момците кои се вработени во тие професии се таму за да го дефинираат она што луѓето го сакаат.

Главниот лик, Дон Дрејпер, е партнер во една од најголемите њујоршки рекламни агенции, живее со слатката сопруга и двете деца во идеализираното предградие, и важи за врвен маркетиншки стручњак. Но, исто како и во работата со која се занимава, така и во животот нештата не се како што изгледаат. Тој се обидува да остане чекор понапред во фирмата од своите конкуренти и помладите колеги кои сакаат да го надминат, додека приватно е растргнат меѓу три жени – сопругата која под „слатката фасада“ крие куп неврози, девојката со која повремено спие и деловната жена која неодоливо го привлекува. Дрејпер е опседнат со прашањата „Што сакаат жените?“ и „Што сакам јас?“. А за да дојде до одговорот, понекогаш е потребно да си ја продаде душата на ѓаволот. Тоа е оној миг од животот кога престанува маркетингот и започнува она вистинското. Дилемата која го измачува често ја потиснува со цинизам како, на пример, во ситуацијата кога и’ објаснува на девојката зошто не почувствувала љубов: „Причината поради која не ја почувствува е заради тоа што таа не постои. Она што ти го нарекуваш љубов го измислиле типовите како мене за полесно да ги продаваат хулахопките. Си се родила сама, и сама и ќе умреш, а овој свет патем ќе ти натовари еден куп правила за полесно да заборавиш на таа вистина. Но јас не ја заборавам. Живеам како утре да не постои, бидејќи и не постои!“

Дрејпер претставува еден вид архетипски јунак, „Големиот Гетсби“ на нашето време, кого судбината непогрешливо го води во пропаст. Понатаму ќе запознаеме уште многу интересни ликови кои заедно ја даваат крајно интригантната слика на лицето и опачината на Америка, кога сексуалните алузии се употребувале секојдневно, сексуалното искористување било вообичаена привилегија, а пушењето на јавни места – тренд!

Дека станува збор за едно друго време непрестајно нè потсетува и појавата на Кристина Хендрикс, во улогата на секретарка во фирмата на Дрејпер. Оваа жена не е склона кон денешните современи текови – не е неухранета, туку целата е во облини.

Модните креатори и списанија во САД истакнуваат дека по двегодишното емитување серијата дефинитивно оставила трага во модниот свет. На модните писти доминираат романтични фустани со стегнати широки појаси на половината, линии кои го следат обликот на телото, должина на здолништето до под колената, чевли со остри врвови... Она што „Сексот и градот“ им го стори на жените, „Момците од Медисон“ им го направија на мажите – во мода се вратија троделните машки одела, тенките вратоврски и шеширите кои некогаш претставуваа незаобиколен дел од гардеробата на секој маж.

И за крај, ликовите од популарната серија наскоро ќе се појават и како – кукли. Производителот на Барби најави нови „играчки“ кои набрзо ќе се најдат на пазарот, инспирирани од серијата. Всушност, станува збор за четири колекционерски кукли: куклата Бети Дрејпер ќе носи фустан со цветни мотиви, а куклата на заводничката Џоан Холовеј ќе носи лилав комплет. Дон Дрејпер и Роџер Стерлинг ќе можат да се најдат во одела со вратоврски.

Браос! Мојата омилена серија!

Браос! Мојата омилена серија! Генијална е! Кај има да се купат куклите? Одма нарачуам дома за у витрина!

Брат, ги најдов барбиките,

Брат, ги најдов барбиките, али, 1. безабразно са скапи и, 2. ружни се.
http://www.google.com/products?hl=en&rlz=1C1_____enMK364MK364&q=mad+men+barbie&um=1&ie=UTF-8&ei=I1OPTNnpI4vLswaspJTsCw&sa=X&oi=product_result_group&ct=title&resnum=1&ved=0CCUQrQQwAA

Серијава иде на Алфа ТВ

Серијава иде на Алфа ТВ (додуше, под супер глуп наслов: „Маркетинг директори“. Фуј!; додуше, земјава е Елдорадо на глупи имиња (кафани дуќани клубови итн.), па може ради тоа, бе, браќа и сестри, иаме ваков гомнарски проблем со генералното ни име?! (сеа ми текиња оваа просветлувачка мисла, иначе се јавив чисто да кажам за Алфа, жими се’:)

...кафани дуќани клубови итн.

...кафани дуќани клубови итн. - дипломати (Митре се преименувал во Мартин) имиња на партии (легендарно, за у Гинис, ради должината и да си го скршиш јазикот дур го изговориш: ВМРОДПМНЕ; свака част кој го смислил и свака част на народот што гласа партија со такво име) и, на крај, ама на најнакрај, имиња на деца (од таму може се’ почнуе?! од глупите имиња на децата?!)
Бајдвеј, ја би го шитнал името (може ради тоа што така и се викам:) Може ќе ни тргне на поарно? Може Мартин не е толкава будала?!

Што очекуеш бе, Шуткач, од

Што очекуеш бе, Шуткач, од народ што едвај го мумла сопствениот јазик?! (додуше, со такви писатели и такви професор/к/и по македонски, среќа што уопште некој и збори на јазиков на Конески и Мисирков) Од граѓани што не знаат имиња на десет улици во сопствениот град?! (додуше, и тука се покажаа кумовите, политичарите, со хипер идеологизирани имиња; а се покажа и академскиот шљам, што ги аминуе будалаштините на политичарите (антиквизација итн.))
 

Предлагам, ко колите што

Предлагам, ко колите што имаат регистарски таблици, на секој/а граѓанин/ка во ск, од раѓање да му се дае една метална плочка околу врат (ко американскине војници што имаат) на која е запишана адресата на граѓанинот/ката, у случај да се изгуби! (кој бе ќе памти имиња на улици?! ние вчера од планина се симнавме, кажи убаво: кај потокон, кај брезана, кој споменикон, не ме тупи со имиња и зборови:)

Лептокарија, Беверли Хилс,

Лептокарија, Беверли Хилс, Палома Бјанка... - јак град, нема што. Главен топос у Кисела Вода - Шампионче. Главен топос у Тафталиџе - скара на кило Интерактив. Да не зборам за мољонте кафани со најмизерни англиски имиња. (мада, Шампионче е љупко; можда не е лошо и ко за име на држава, а?!:) Ама кој ќе се распраа со газдата на Шампионче, да го дае името за повисоки национални интереси...)

Еј, Шиткач, да му објасниме

Еј, Шиткач, да му објасниме на (релативно простиот) македонски народ (т.е. на окнофиличариве) дека не спамираме и не сме деструктивни, туку збориме за МАРКЕТИНГ (директори). Збориме како фино би било (ти кажуам снајо, сети се ќерко) Алфа Тв да стаи некој понормален наслов на нам омилената серија. Ако уз пут треба и други ситни жртви да поднесеме (промена на име на држава и метални плочки околу вратот на секој горд граѓанин на мк) - е па јебига, се исплати!

   Roger: What happened

 

 Roger: What happened there?
Jack: Korea.
Peter: We're grateful for your sacrafice.
Или во МК контекст: 
Ѓорѓи: Што се случи тогаш?
КОле: Груевски
Ѓорѓи: Благодарни сме ви за вашата жртва! Ај сега ако може да продолжиме даље.
На пример да направиме муабет за текстот и серијата, и зошто таа (нам) ни е омилена. Да не се давиме во сопствените гомненици од фрустрации, и секоја тема која колку-толку отвара светоглед по којзнае кој пат да ја врамуваме во дневните политики на македонската паланка која не може да погледне подалеку од носот на својата беда. Ве ебал Беверли Хилс и тафталиџе заедно со Интерактив. Досадни сте како пувеш на сред лизгалиште, луѓе.  Алфа ТВ биле некреативни. Некреативни се оние кои именуваат улици. А вие сте креативни? Се гледа, од креативноста на некреативноста никако да се избавите, па ни во мочани коментари на текст за серија. 
Која патем ја опишува рекламната индустрија во 50-60те на минатиот век во САД. Индустрија која се издигнала и млатела пари ползувајќи и искористувајќи ги фрустрациите на секојдневните средовечни мажи и жени кои потрчувале да ги купат најновите (психолошки анализирани) продукти за да си помогнат самите на себеси. Онака пред ТВ (ко вие пред Интернет). Абе генијална серија, од која може многу што да се научи, ама кој сака, освен оној дел, дека ете, креативни луѓе по светот за разлика од овие „бедните околу нас“ кои никако да ни „креираат нешто креативно за да и ние се усречиме“. 
Море марш! Што би рекол Роџер: 
Roger: I bet there were people in the Bible walking around, complaining about "kids today."
Don : Kids today, they have no one to look up to. Cuz they're looking up to us. 
Пронајдете се, другарчиња. 

Како им го сплеска, Дон, на

Како им го сплеска, Дон, на ова будаливе од Шутка (Шуткач и Шиткач), ежот да си го ебеш, Дон! Како си концизен и паметен! Извини, да не работиш у некоја од скопскиве генијални адвертајзинг агенции?! Што ги опслужуваат генијалните директори на Телеком, Пивара и на пресветата ни Влада предводена од пресветлиот Златен Црн Грујо (најголемиот адвертајзинг нарачател дур е света и века, т.е. откоа е оваа напатена неименувана земја)?! Ако си адвертајзер, Дон, брате, рашири руки да ти полетам у братска прегратка! Вас, бе, ве обожавам! Цело време чекам да се пријави овде некој горд адвертајзер! (добро, и по некој именител - или именувач?! или мерач?! - на улици:)
И исто ако може, Дон, уште малце да ми објасниш за што се работи у серијава, а за што се работи кај нас, у гордово ни адвертајзирано општество, не ти ги скопчав баш поентите?! (ама изглеа од што си препаметен:)

Tolku nema rabota vo

Tolku nema rabota vo izdavastvoto vo posledno verme ili druga e makata? Ajde napishi ni neshto povekje i za advertajzerite vo MK, oti za site temi te biva (a i site ti se omileni). Izvadi i nekoj citat (pod nov psevdonim) posto pozabavno ne moze da bide. A ne moze ni pojebeno vrz grbot na kreativnosta i rabotata na drugite, kako na primer tie koi se potrudile da prevedat tekst. Salute od mene, naporen si.

Знате дека во Хрватска во апс

Знате дека во Хрватска во апс е газдарицата на една ПР агенција (Фими Медиа) што добиваше ексклузивни џобови од владата на Санадер?! Во апс е ради тоа што добила низа работи од владата без распишан тендер, ви се молам! Да го молиме севишниот и кај нас што побрзо да дое тоа време! Да вииме чија мајка црна волна предела! И кои агенции добиле благослов од пренежната рака на ЗЦГ (т.е. пастирот), за стотиците прекрасни кампањи што имавме можност да ги глеаме изминативе 4 години...

Дон, се обидовме да те

Дон, се обидовме да те поучиме на некои елементарни креативни техники, за кои се збори и во Медмен. Аналогија, на пример. Креативноста во голема мера е создавање интелигентни и поттикнувачки аналогии, или метафори. Се обидовме (во договор, премолчен, епистоларен, произлезен од дијалогот меѓу нас), ние Лудаците од Шутка, да ти укажеме на некои аналогии меѓу Менхетн (Медисон) и Шутка... Ама изглеа капацитетите ти се толкави, ко на просечен мк адвертајзер...

Jebi ga be Sutkac (pod

Jebi ga be Sutkac (pod tepiha) na se sto ne ti odgovara (ili vo koe site te prepoznavaat, a samiot ne se gledas), za takva publika takvi advertajzeri. Ne mi treba mnogu da ti prodadam pantaloncinja i maicka za lickanje od 100 evra, da si ja obleces dodeka ni seres za sostojbata vo sutka. Do vozdot tvoj ne stignav, ama sto ke mi e toj, koga te imam tebe i takvite kako tebe koi ni prodavaat pufki a ne se nisto porazlicni od govedcata vo vlada. ja prosecen advertajzer koj raboti na stoticite prekrasni kampanji... jaki ti se inteligentnite metafori, a i logicni, gledam. pucaj be drugarce, licno, kaj sto majka ti ne ja sobira da se iznacitame jaki analogii, metafori i kreativnost. falim go gospod sto te ima, ej.

Ау, Дон, па ти си бил од

Ау, Дон, па ти си бил од ептен настинативе, бе! Што не каеш! Да снизиме стандарди! Ја мислев зборам со некој вешт премачкан во множествата игри адвертајзер колега, а оно јаден неконцентриран измачен работник (јал бадијалџија, исто - неконцентриран) кому молекулите на интелигенција хаотично му скокаат од орбита у орбита (ниедна реченица, Дон, не ти скопчав, ќе да се неповрзани, ќе да криеш страшни тајни - ил си само деконцентриран?). Еве, ко за поттик, да ти откријам една од нашите тајни: Шутка е метафора.

Абе важно си ги копчаш

Абе важно си ги копчаш твоите, кур те боли, сам се прашуваш, сам си одговараш. Целиот сајт го претвори во психијатриска клиника. и пациент, и доктур. кој е како тебе.

 Еве јас си го ставив името.

 Еве јас си го ставив името. ,,Шиткач, Шуткач... па кога ке му здосади и по нешто друго. Каков кретенизам. кој си бе ти? Кој сте вие? Горе имаш текст за ТВ серија. Што ти ја стега главата? Идиот

ОкоБоли главаВицФото