Прв фестивал на нов европски филм „Beach film festival“ на плажата „Оревче“

17.07.2018 14:58
Прв фестивал на нов европски филм „Beach film festival“ на плажата „Оревче“

Од 19-ти до 22-ри јули во Охрид ќе се одржува првото издание на фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“.

Фестивалот ќе се одвива на неколку локации низ Охрид, но главната програма ќе биде на плажата Оревче.

Филмската програма ќе опфаќа нови европски филмови. Некои од филмовите ќе ја имаат својата светска премиера, а ќе има и селекција на детски филмови. За филмовите од официјалната селекција предвидени се награди со назив „Голем бран“ за долгометражни и „Мал бран“ за краткометражни филмови. За изборот на најдобар филм ќе биде задолжено стручно жири составено од Јелена Јованова, Марјан Алчевски, Весна Дамчевска.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и три работилници за деца и млади, работилници за актерска игра, филмска едукација и фотографија. Исто така, ќе се одржи тридневна панел-дискусија на која ќе учествуваат десет претставници на програмата „Медиа“ од Европа и од Балканот.

Покрај ова, на фестивалот ќе се одржи и конференција од областа на образовниот систем, која ќе биде наменета за наставници и професори од основните и од средните школи, а модератори ќе бидат професори и истражувачи од земјите на Европската Унија и на Балканот. Панел-дискусија ќе одржи и директорката на хрватската кастинг-агенција „Дуарт“, наменета за студенти по актерска игра и професионални актери, кои вториот ден од панелот ќе имаат и можност да станат членови во нивната „Европска платформа за актери.

Покрај дневните фестивалски активности и филмски проекции, на плажата Оревче ќе има и забавна програма, концерти и настапи на домашни и странски музичари.

 

ОкоБоли главаВицФото