Почина ликовната уметница Лилјана Хаџи Бошкова Ѓузелова

17.07.2018 16:21
Почина  ликовната уметница Лилјана Хаџи Бошкова Ѓузелова

Денеска во Скопје почина Лилјана Хаџи - Бошкова Ѓузелова, визуелна уметница и лингвист.

Родена е во 1935 година во Чачак. Дипломирала на Филозфскиот факултет во Скопје во 1959 година. Студиски престојувала во Велика Британија, САД, Русија и Франција. Првата самостојна изложба имала во 1990 година во фоајето на МНТ во Скопје. Својот работен век го помина во НУБ „Свети Климент Охридски“. Таа беше сопруга на академик Петар Хаџи Бошков и сестра на академик Богомил Ѓузел.

Последниве години таа беше посветена на големата ретроспективна изложба на доајенот на македонската уметност Петар Хаџи Бошков „Дела на хартија“ во Музејот на современа уметност, која беше отоврена минатата година во јуни.

Од 1994 година активно се занимава со ликовна уметност и реализира десетина самостојни изложби и поголем број групни изложби во Македонија и во странство. Една од најчестите теми со кои се занимаваше во своите дела беше историјата, женската алтернативна историја, настаните од минатото на нејзиното семејство, цензурата. Нејзините дела се ангажирани и критички. Еден од нејзините последни проекти е „Инвентар“ заедно со Сашо Станојковиќ претставен во Македонија и Словенија.

Погребот на Лилјана Ѓузелова ќе биде на 19 јули во 11 часот на Градските гробишта Бутел.