Има ли Господ?

14.09.2010 13:29
Има ли Господ

Откако славниот 67-годишен британски физичар Стивен Хокинг го прогласи Господ за „непотребен“, започна досега невидениот медиумски судир меѓу религијата и науката кој би можел да се прошири во една нова, атеистичка револуција на 21-от век.

Иако контроверзната книга на Хокинг „Големиот дизајн“ („Grand Design“) беше објавена пред само неколку недели, прашината околу неа се крена уште пред да излезе од печат – книгата предизвика остри реакции на бројни теолози и водачи на сите цркви на Западот, и веќе десетици денови се води планетарна расправа низ стотина телевизиски емисии, илјадници статии и милиони интернет текстови.

Имено, сè започна во почетокот на септември кога, најавувајќи го новиот бестселер, лондонски Тајмс објави извадок од книгата за конечната теорија на Универзумот која Хокинг ја напиша заедно со американскиот физичар Ленард Млодин. Во овој извадок посебно внимание привлече ставот на Хокинг кој гласи дека за да се одиграла Големата експлозија, „немало потреба да се повикува Бог за да ја запали искрата и да го започне Универзумот“.

„Поради природните закони како гравиитацијата, Универзумот може да се создава самиот себе од ништо и тоа и ќе го прави. Спонтаното настанување е причината што постои нешто наместо ништо, што постои Универзумот, што постоиме ние“, наведува Хокинг кој во пишувањето на оваа книга се впушти откако се повлече од местото шеф на катедрата, која пред четири века на универзитетот Кембриџ ја водел Исак Њутн (1643-1727).

Иако со децении е заболен од аминотрофична латерална склероза (АЛС), која му ги одзеде сите органи освен мозокот, Хокинг претставува огромна фигура во науката, а својот углед го стекна со своите трудови од областа на теоријата на црните дупки и космологијата, но светски славен стана по објавувањето на научнопопуларната книга „Кратка историја на времето“ (1988), која беше продадена во 25 милиони примероци. Во меѓувреме тој објави уште научнопопуларни книги, но само „Големиот дизајн“ можеби претставува закана за успехот на „Кратка историја...“ – одредени коментатори сметааат дека пензионирањето на Бог од страна на Хокинг е само голем издавачки трик за зголемување на продажбата.

Но неговиот напад на Црквата веќе ги надмина сите рамки на која и да е рекламна кампања, пред сè, поради жестокиот одговор кој доаѓа од другата страна. Имено, судирот се случува пред најавеното доаѓање на папата Бенедикт XVI-ти во В. Британија, и тоа среде климата на приближување на двете цркви. Од една страна, Католичката црква трпи жестоки критики на јавноста поради низата случаи со педофилија, додека, од друга, во многу земји од Западот донекаде се заострува нетрпеливоста меѓу христијанството и исламот. Единственото нешто кое сега-засега ги обединува е – критиката кон Хокинг.

Судејќи според она што досега е познато за „Големиот дизајн“, критиката против Хокинг, во својата суштина, не е толку насочена кон религиозната практика, колку што е на концептот NOMA (Non-Overlapping Magisteria), идејата дека областите на науката и верата воопшто не се преклопуваат, која пред десет години ја предложи Стефан Гулд. Одговарајќи на Хокинговата теза дека Бог е непотребен, повеќето теолози, бискупи и имами се повикуваа токму на овој концепт, напоменувајќи дека науката и онака нема ништо со Бог. Меѓутоа, NOMA претставува само плитка брана на линијата на ненапаѓање меѓу верата и егзактните науки која Хокинг ја прегази, а која физиката не ја беше прегазила уште од времето на револуцијата на Коперник.

Затоа овој судир би можел да ги надрасте сите досегашни јавни расправи на научниците со Црквата, вклучувајќи ја и повеќегодишната дискусија која низ своите книги и јавни настапи ги води еволуционистот Ричард Докинс, познат како „крстоносец на атеизмот“. Имено, Хокинг како физичар зад себе ја нема само теоријата на еволуцијата која, колку и да е несомнена, не го поседува авторитетот на огромната и повеќевековно градена егзактна физика која целосно се темели на еспериментални проверки. Ова на целата работа и’ додава зголемена сериозност, но далеку од тоа дека ја прави несомнена тезата на Хокинг.

Тој сега ги заснова своите заклучоци на математичкиот успех на т.н. М теорија, еден многу амбициозен конструкт со кој теориските физичари обединија пет нишки во една, во наводно конечната теорија на Универзумот. Оваа теорија настана како резултат на повеќедеценискиот стремеж, по успехот на теоријата на релативноста на големите скали и зачудувачките резултати на квантната физика во опишување на микроскопските феномени за време на 20-от век, да најде теорија која би ги обединила.

Така се разви М теоријата која се заснова на чудовишно сложениот математички апарат, чуден и на повеќето професионални физичари, кој подразбира дека светот има многу повеќе од три димензии. Прилично поедноставено, би можело да се каже дека М теоријата тврди дека структурата на материјата во светот не ја сочинува компликуваното мноштво електрони, протони и секакви други честици, туку само нишки кои вибрираат на различни начини – кога вибрираат на еден начин, гледаме еден вид, а кога вибрираат на друг, гледаме поинаков вид елементарни честички.

Единствениот мал, но гаден проблем со оваа математички заокружена теорија е тоа што во моментов нема експериментална потврда за неа. Ако се изземат неколкуте можни експерименти за бројот на димензиите кои ќе се изведуваат на Големиот хадронски колајдер во Женева, оваа теорија речиси и да не го исполнува условот за веројатност на Попер бидејќи се занимава со временски скали, објекти и поими кои не можат да се проверат на ниеден начин. Тоа ја сместува во убавите модели, заедно со шахот и некои генијални економски модели, ама не и’ обезбедува влезница во експериментално изградениот свет на точната физика.

Во овој миг не е познато околу што е изграден „Големиот дизајн“ на Хокинг, но ако неговата теза за излишноста на Бог се заснова само на М теоријата, сета физика нема да може да му помогне во одбрана. Бидејќи, колку и да поседува углед, кога изнесува ставови кои се непроверливи преку експеримент Хокинг, всушност – не зборува како физичар.

Затоа војната меѓу науката и верата повторно изби како многу жестока, ама не и тотална. Ќе беше поинаку ако во целава работа се вмешаше и експеримент. Но тајната се состои во тоа што не постојат такви експерименти кои би одговориле на прашањето од насловот на овој текст. Можеби токму затоа една од најсилните основи за верба во интелигентниот дизајн и вишите сили при создавањето на Универзумот може да се побара токму во нашата неможност да го ставиме Бог на тест.

Меѓутоа, не треба да се потцени самиот судир меѓу Хокинг и традиционалните цркви – строго научно гледано, ни Џордано Бруно (1548-1600) своевремено не беше во право во она што го тврдеше. Но кога го запалија на клада, брзо дојде редот и за попоткрепени објаснувања. И сеопшта револуција на човечкиот дух.

Извор: vreme.com

 Теоријата на црквата, против

 Теоријата на црквата, против теоријата на науката.
 
И ова заслужува глобално палкање по некаква си гласна, ГЛАСНА! дебата?
 
-_-

ништо чудно од хокинг,

ништо чудно од хокинг, човекот напаѓа се и сешто без реална причина. зарем е потребно да ја заборавиме религијата за да се докаже неговата теорија? 3000 години живееме со точни и грешни информации, со сила никој не втурнал вистина во луѓето. можеби е во право за ова, но зошто ја форсира работата и ја напаѓа религијата?
еднаш даде изјава дека не треба да се праќаат никакви сигнали во вселената, затоа што ако има други живи суштества во универзумот ќе дојдат и ќе ги експлоатираат нашите ресурси. да да, ако некој успеал да пројде пат од две светлосни години, ќе му требаат нашите ресурси.

Не можеме да знаеме. Ефикасно

Не можеме да знаеме. Ефикасно користење на ресурсите + уништување на конкуренцијата делува како многу успешна еволутивна стратегија, не би било чудно да постои во вселената нешто што се усовршило максимално во овие работи. 

Молам, нек се јават мајки. Не

Молам, нек се јават мајки. Не се издржуе више со вмровциве! Пекаат по нежност&внимание! Ирена Цвет едно време покажуеше милосрдие кон нив... Ирена, јави се! Билобил, како добро би било да ги смириш тие раздразнети патријархално-авторитарни хормони (тебе шефот на тројката, јавката, да не ти е Влатко Ѓорчев?! ептен стилски си заличуете по петокласната народњачка демагогија исполнета со дечковци од сендвичара&касиерки - ах, пусти сексуални желби протарашкани во мемливите партиски подруми дур се работи оваа ах толку заебана и неблагодарна коментаторска работа...), и да свиеш глаа у некој топол (мајчински) скут...
Стварно, девојки, дај малку растеретете ги пренапрегнатите (под налетите на агилните јуноши) окнаши, и дајте бар некој збор (ако не баш пољубац) за несреќнициве...
П.С. Билобил, што те нема бе да ја испљукаш декадентнана серија (тука, колона карши) кајшто цело време се пуши пие се тера промискуитетен секс и бога лажно се почитуе?! Остајте го Хокинга на мира! Сигурно е поблиску до бога (па каков и да е тој бог!) од вас, подрумските штакорчиња на Влатко Ѓорчев и Мартин Протуѓер!

 Па Бог и секс е, и дрога е,

 Па Бог и секс е, и дрога е, и љубов е, и почит е, колега Гелевски. =)
 
Многу љубов, поздрав.

 Бог е совкупност от

 Бог е совкупност от природните закони.
Бог существува независимо от сите цркви и црквички на свето.
Науката открива секи ден по малко от Бог...

"успехот на теоријата на

"успехот на теоријата на релативноста на големите скали"
"временски скали, објекти и поими кои не можат да се проверат на ниеден начин"
Ова е најверојатно обид за превод од: theory of relativity on a large scale i time scales
Слободан скали по глава да ти удрат. Која дупка е балканов, еден уредник нема за поп наука во ниту еден медиум. Ќе се најде вака некој Слобо да преведе и скрпи текст од англиски и скроз ќе го заебе, а останатите зошто исто така не се разбираат вирално ја пренесуваат грешката. Да сакаш да го објасниш аргументот на Хокинс а да утнеш во научната аргументација е исто што и да кажеш дека на Св. Стивен му се случило созерцание од каде утврдил дека нема госпо.

Смилуј се на нас, нишчите со

Смилуј се на нас, нишчите со (научна) памет, Змејко, и просветли не’, чат-пат. Ако немаш време опширно да не’ просветлуеш, бар за она за што се јавуеш: како да ги преведеме термините? Кои се вистинските значења на Хокинг?! Лично, сомнителен ми е и преводот „големиот дизајн“ (можеби треба „креација“, „творба“ итн.).
За жал, Змејко, иако се буниш околу јазични прашања, глеам туѓа ти е и граматиката и македонскиот воопшто. После Слободан се стаа запирка, Балкан со голема буква, точки на крај на реченици, вирално? итн.
Важи и за вас другите, почитувани читатели и коментатори на Окно: супер е коа ни укажувате на јазични и преведувачки слабости (а богами ги има), ама уште посупер би било да ни кажете како треба! Не?:)