Сирано де Бубрежак не ви е равен!

19.07.2018 00:30
Сирано де Бубрежак не ви е равен!

Во Фејсбук разговорот учествуваат: Тања Аждаја, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Брадестиот Џо.


Тања Аждаја
Џабе ми продаваш муда за бубрези, веќе се консултирав со мојот изнутриционист.


Владимир Лукаш
Сирано де Бубрежак не ви е равен!


Оливера Ќорвезироска
Не сте хормонални!


Тања Аждаја
Молим слепо, црево!


Тања Аждаја
Како не сме, еве јас сум естрогенијална!


Владимир Лукаш
Ако бубрегот нејќе кај Мохамед, Мохамед ќе оди кај бубрегот.


Брадестиот Џо
Фоликул муабет!


Владимир Лукаш
- Тести си?
- Да.
- Извини, не те познав.


Тања Аждаја
Генитална идеја!


Оливера Ќорвезироска
И после, јас сум била кривоктерична!




Владимир Лукаш
Падна жлезда. Замисливте желбарбитурат?


Тања Аждаја
Посакувам да напишеме книга за Каренина и Невронски.


Оливера Ќорвезироска
Поговор кој ќе ви пишува?


Тања Аждаја
ТОА Е ВО ТВОЈ АБДОМЕН, СЕ ЗНАЕ!


Брадестиот Џо
Секако би била фина екскреација.


Владимир Лукаш
Да не патува некој скоро забитола?


Оливера Ќорвезироска
Ја покривам североистек.


Тања Аждаја
Простата мата ти е тоа.


Владимир Лукаш
Мрси мисли - мозочки клецки.


Тања Аждаја
Трка на јајце-клетки:
- Не сум спермна да се тркам!
- Јајцеводиш, не ме маткај!


Владимир Лукаш
Фантасматично!


Тања Аждаја
Малце е вулварно, ама се жртвувам за доброто на статусот.




Владимир Лукаш
Во градиве ми свири алвеолинист.


Брадестиот Џо
Уживајте, дур не прогласиле тумораториум на лоши шеги.


Оливера Ќорвезироска
Нејќам да чујам визинг без кваринет!


Владимир Лукаш
Тромбон боље.


Тања Аждаја
Хахаха се смеам ко гудала некоја.


Оливера Ќорвезироска
Од тромбони само тромбон-бон.


Владимир Лукаш
Тромбон Краш (КРАШ! КРАШ! КРАШ!) квалитетатет.


Тања Аждаја
Ми фали трмобон-тон за така.




Оливера Ќорвезироска
Доктори, привршувајте ирациотомијата, треба да го сошијам пациентот.


Владимир Лукаш
Кај брзаш, нарача скара на кила?


Тања Аждаја
Животот е склерозов.


Оливера Ќорвезироска
А смртта дијабета-верзија?


Владимир Лукаш
СИДАрта - првиот заболен од АИДС во Индија.


Тања Аждаја
Ова ти ептен уретро-стил.


Тања Аждаја
Што прави тестостерон у ВЦ?
Тос(т)ерка.


Владимир Лукаш
Дванаесетпаланечко црево.


Тања Аждаја
- Што прави временски прогнозер на статусов?
- Сеизмори.




Владимир Лукаш
Никако да дигестивнат коментариве.


Тања Аждаја
Се консумираат лесно ко гајлехидрати.


Владимир Лукаш
Гастрон, едно менингитис, ќе ве молам!


Оливера Ќорвезироска
Маестрохехепатологија!


Тања Аждаја
Нѐ фати протеинат, нема откажување!


Владимир Лукаш
Дијафрагмент ми се откина од смеење!


Владимир Лукаш
Психахахахахаха.


Владимир Лукаш
Многу е жешко, ќе пуштам јагленхидрант, шо ве вртам!




Владимир Лукаш
ВМРО ДО ДРОБ.


Оливера Ќорвезироска
Шминка ми се растече крај реката Вардар!


Оливера Ќорвезироска
Да заклучувам оценките или некој сака да поправа?


Тања Аждаја
Пулмоника сака да умре.


Оливера Ќорвезироска
Аждер да го изеде тој што сал малку љуби!


Тања Аждаја
Слоботом Плунковски го рекол тоа?


Тања Аждаја
Страв ми е да не ме наречете ферментална, но јас навистина дигестикулирав со вас на статусов.


Слики: Брадестиот Џо

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото