Бетвомен е првата лезбејка суперхерој со своја ТВ серија

19.07.2018 00:51
Бетвомен е првата лезбијка суперхерој со своја ТВ серија

Телевизиската адаптација на Бетвомен, која е во развојна фаза, ќе биде првата ТВ серија за суперхерои во која главниот лик ќе биде геј.

Серијата ќе биде емитувана на мрежата „CW“, каде веќе се емитуваат повеќе серијали базирани на суперхероите од Ди Си Комикс: Стрелата, Флеш, Супер-девојка, Легендите на утрешнината и Црната Молња.

Новата Бетвомен е продуцирана од Грег Берланти, кој е поврзан со четиригодишното продолжување на договорот со Ворнер Бродерс и во моментов продуцира рекорден број на 14 различни серии.

Главниот лик Кејт Кејн, која ќе биде презентирана во декември, е опишана како отворена лезбејка и многу вешт уличен борец, вооружена со страст за социјална правда и способност да го каже она што го мисли, и која доаѓа во Готам за да се справи со зголемениот криминал.

„Но, немојте да ја наречете херој однапред. Во град очаен за спасител, Кејт ќе мора да ги надмине нејзините внатрешни демони, пред да може да се нарече симбол на надеж за Готам“, пишува во синопсисот на серијата.

Ликот на Бетвомен е создаден во 1950-тите години, како женски лик кој требало да ги отстрани шпекулациите за хомосексуалноста на Бетмен. Суперхеројот е одново промовиран во 2006-та година како лезбејка под името Кејт Кејн. Оттогаш Бетвомен е најпознатиот отворено геј суперхерој на Ди Си Комикс.

Извор: The Guardian

 

 

ОкоБоли главаВицФото