Тигар пие на шумски вир

19.07.2018 14:50

Вода, месечина, гибел, сон.
  Бронзова урна, потпрена на корен: болскот
  Молња, и го нема. Месец црвен
Зад облаци наѕрен, или скоро наѕрен.

Азно најдено, па загубено, талкач меѓу
  Световите на загубеното и најденото. Грешен закон
  Отповикан, желба исполнета, животна
Тага исцелена. Засолн в душа

За ранетите од маленкост. Молитва,
  За миг, одложена; предавство простено.
  Сплет пламни на распукана глазура, ќилибар


Огледан во млечно сив жад. Стара песна
  Спомната, заостанат долг отплатен.
  Слика на свила, што може да избледи.

Превод: Огнен Чемерски

Рут Софија Падел (1946) е британска поетеса, романсиерка и есеистка, позната и по своите критички текстови за поезија, есеи за природата и поврзаност со музиката, науката и конзервацијата. Предава креативно пишување на Кралскиот колеџ Лондон. Студирала класични студии на Лејди Маргарет Хол Оксфорд, каде што пеела и во Schola Cantorum во Оксфорд. Работела докторат на тема грчка поезија, а била и првата добитничка на стипендијата Bowra Research Fellow на Вадам Колеџ Оксфорд, каде внеле измени на статутите за да можат да примат жени-стипендистки. Предавала грчки на Оксфорд и на Универзитетот Биркбек во Лондон, предавала опера на Катедрата за современ грчки јазик на Универзитетот Принстон, живеела во Грција и во Париз. Нејзината кариера како авторка почнува во 1985 година со поетски памфлет. Потоа ја напуштила академската кариера за да се издржува со пишување и за да ја објави својата прва збирка во 1990 година.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото