Има ли разлика?

20.07.2018 00:06
Има ли разлика?

На 8 септември 2011, по повод 20 години од независноста, Груевски свечено ја пушти фонтаната на „Воинот на Коњ“ за која беа потрошени десетина милиони евра, Иванов го отвори партискиот Музеј на ВМРО за кој беа потрошени дупло повеќе, а симболот на независноста („Порта Македонија“) го отвори Груевски по неколку месеци задоцнување, а не чинеше над 6 милиони евра“! Малкумина бараа одговорност од Груевски зошто биле потрошени над 6 милиони евра за градба која не е навреме завршена за „јубилејот“, малкумина протестираа за милионите евра за фонтаната „Воин на Коњ“ и милионите евра за восочните фигури во Музејот на ВМРО.

Пред седум години, тогашната влада организираше музички хепенинг на кој настапија околу 90 македонски имиња од забавната и народната музичка сцена.

Сите свечености за 20-годишнината траеа цел месец септември, кој беше прогласен за Месец на независноста, а за 8 септември 2011 беа ангажирани буквално сите македонски културни работници и организации, од Филхармонија и Танец, до Златно Славејче. Никогаш не дознавме колку пари беа потрошени за организација и хонорари на спектакуларните едномесечни прослави, а државата славеше што поминале 20 години од независноста, 3 години откако ни беа затворени вратите за НАТО и ЕУ во 2008 со новиот услов што го доби владата на Груевски за „заемно прифатливо решение за името“.

Не се сеќавам дека во 2011 некој оркестрирано водеше хејтерска кампања против музичарите кои учествуваа на спектакуларната прослава и музичкиот хепенинг. Не се сеќавам дека некој тогаш јавно бараше од музичарите и режисерот да ги донираат нивните хонорари на сиромашните, затоа што учествувале на „партиски“ настани.

А убаво се сеќавам на малкумината кои се осмелија тие години да кренат глас против „Воинот на Коњ“, „Триумфалната (Демир) капија“ (мој графит), и партискиот музеј на ВМРО - за кои беа поарчени над 35 милиони евра!
Да потсетиме, само за набавка на една восочна фигура беа трошени неколку десетици илјади евра (слични беа трошоците и за хорор сцени и морбидна музика во „музејот на ВМРО“), а беа изработени и восочни фигури на Хитлер, Мусолини и Ванчо Михајлов!

Има ли разлика, или намерно се правиме слепи, за да не ја гледаме?

Погледнете и сами, дел од преносот на МТВ