1006 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 22:59
Како да насликам Зимски пејзаж со храмови
и патници, или Шарен папагал
на праска во цут?
Пророчките кутии се испразнети
а Министерот за заводлива поука
ѝ потпишал (на војската) дозвола за шумска сеча,
Нарачал сатенска постава за црвеното му кимоно,
па си пие со Генералот
во, вели, најдобрата гостилница во градот,
а свита им се две петнаесетгодишни моми:
пробрани, ко проѕирен костенлив жад.
Црни пенушки остинуваат в планина,
пилани исфрлаат талпи по сто на час
и бел пепел по реката процветал
дури дворјанинот го чести Генералот
супа од тигров пенис, цело благо една чинија.
Ќе насликам спржена голет со брадавици што штрчат
Шумски пламен* в белина и ал,
крушест плод и џакаранда, небесниот елен
и именувањето ѕвезди, трите видови самрак
во Јунан кај што белошепите гибони
некогаш ги пееле своите љубовни дуети.
Ќе ја насликам вистината на привидот, речник
на атмосферската оптика,
и Гуанјин, чуварката на умилението.
Посебно ќе внимавам на усмевот.
* Шумски пламен е вид дрво со цвет како пламен.
Превод: Огнен Чемерски