„Честито бумеранг.“ „Фала, да се враќа.“

20.07.2018 12:50
„Честито бумеранг.“  „Фала, да се враќа.“

 Влегов во светиот храм на ветрот - во новиот дел е промаја, а во стариот - завет.

Изградив театар за да си ја оправдам драмата - има трага од комично и кома од трагично.

Пред да запише Политички науки, таа имаше мали гради. Но откако заврши Политички науки, таа забележа дека нема големи гради.

Ти би рекол дека си ми реалност. Јас би рекла дека си го живеам сонот.

Излеговме вчера парови во кафич во Шутка, побаравме сметка и дечкото ни вика: Пошо сте 3 пара - 100 денари.


Те сакам 3 пати повеќе отшто би те сакала некоја која би ја сакал дупло помалце отшто ме сакаш мене, ама ти тврдиш дека сум тешка за разбирање.

Знам како со себе. Не знам како со жена. Жените се нелогични.

- Абе јас мислев отидовте на Бора Бора.
- Ехее, пројде тој воз, нели чу чу?
- Чув брат, на бербер...ку ку.
- Ми раскина, не можела да ни ја трпи повторливоста у друштво многу многу.
- Ќе најдеш подобра, она и онака беше така-така.

Трка на јајце-клетки:
- Не сум спермна да се тркам!
- Јајцеводиш, не ме маткај!

Муабетот: Жеден сум.
Јас: Држи вода.

- Ама он има сколиоза
- Па добро де, не е он крив.

- Може едно прашање?
- Абе не прашувај, прашај!

- Честито бумеранг.
- Фала, да се враќа.

Локомотива е лифт со визија, но лифт е вагон со амбиција.

Ѕвонарот во Богородичната црква во Париз е облечен по последна квазимода.

Иди десен клик... иди едит... па пјаф.

Зар и ти плато бруто?

Во дигитална техника сум топ, но во акварел сум потоп.


Не ми е тоа прашина по дома, тоа е мојата кремирана желба за хигиена.

Претплатникот е недораснат. Ве молиме, бирајте помудро.

Времето ќе полаже.

Се возев на ролеркоустер и седев со Господ напред.

Рана за рана, хан за пласт.

Не е у реду да измислувате топла вода - вие го знаете тоа бољер од мене.

Мојата двоколка стигна прва, а Ахиловата петта.

Штала на страна, на собирот имаше 100K народ.

Се заразив со значење, не знаев дека е преносно.

Потргнете се, ќе го слетувам ТЕГЕТ на палиндром.

Good night Freude, slip well.

Фабрика за еротски зачини во Куманово „КУРКУМАНОВО“.

Печатница за кулинарски книги ТАВЕРНАКУЛ.

„Кладбата на Фигаро“ - Mozzart.

Микеланџело влегува во Систина и пее акапела.

С'клет на околности.

Seenгл.

Се составувам како човек.
Се разглобувам како играчка... Oсвен кога се распаѓам.
Тогаш знам дека сум се печела на долго и на тивко.

Се трошам како човек.
Се давам како капка... Oсвен кога се давам целата.
Тогаш знам дека сум капнала на своја рака.

Се затварам како човек.
Се отварам како поклон... Oсвен кога се пакувам за сонување.
Тогаш си се поклонувам и си легнувам.

Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото