Фрики слики

20.07.2018 21:32
Фрики слики

Роџер Бален (Roger Ballen / 1950) е американски уметник кој живеел во Јужна Африка во изминатите триесет години.

Иако Бален ја започнал својата кариера како геолог, тој сега е еден од најважните и највлијателни фотографски уметници на 21 век. Познат по своите екстремно висцерални црно-бели фотографии, неговиот стил тој самиот го опишува како „документарна фикција“, мешајќи ја соголената реалност и сценскиот дизајн.

Во оваа епизода, Роџер Бален нè води на патување длабоко во внатрешноста на јадрото на Земјата за да ја истражиме мрачната страна на умот и скриените простори на самиот живот. Ние се пробиваме низ неговото дело додека тој ја истакнува суштината на добрата слика и како таа може да се смести длабоко во психата.

Што има таму, што е навистина реално?

Извор: Tate Shots

Слични содржини

Фотографија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото