„Абе, девојче, нема кваки по болницава, ти за КТ си се фатила“

21.07.2018 12:45
„Абе, девојче, нема кваки по болницава, ти за КТ си се фатила“

Имам нов совет за вљубениците во ноќна фискултура: однесете пациент на ургентен во Државна. Добивате full body workout, вклучувајќи strength training додека го буткате пациентот на нестабилна количка и се обидувате да држите рамнотежа, full кардио додека трчате од една клиника на друга по резултати или за да најдете апарат што функционира и, нормално, комплетна масажа на нерви од неспособни и/или незаинтересирани здравствени работници.

А, да, за малку да го заборавам неизбежниот црн мерцедес без таблички паркиран на излезот од ургентен којшто ти го блокира патот. Тука пука адреналин, пошто кога ќе го замолиш дечкото да го тргне, ќе ти се развика и ќе ти каже да не сереш многу да не ти испука 8 куршуми.

***
Хајлајт муабет на ноќта:
Сестра ми: Чекај, не работи КТ апаратов тука?
Болничар: Абе, девојче, нема кваки по болницава, ти за КТ си се фатила. Остај што зборат на ТВ.

 

ОкоБоли главаВицФото