Ако веќе сè се решава на лидерски средби

23.07.2018 00:15
Ако веќе сè се решава на лидерски средби

Ако веќе сè се решава на лидерски средби а Собранието само гласа, зошто ни е тогаш Собранието?

Ако веќе секоја кражба е според закон, зошто ни се тогаш законите?

Ако веќе корупцијата ни е дел од системот, зошто ни е антикорупциска комисија?

Тоа што ВМРО крадело не значи дека треба и СДСМ да краде и тоа што СДСМ краде не значи дека ВМРО не крадело. И тоа што политичарите во Македонија крадат не значи дека така треба и дека треба само со усул да крадат.

Не, не смее да има лидерски средби.

Не не смее градоначалник и министер да се богатат од позиција на власт. Не не смее фирма создадена вчера да добие тендер. Не не смее да се прилагодуваат законите според потребите на сегашните и поранешни функционери.

И, ние граѓаните уште немаме држава туку живееме во нечиј вилает.

Слика: Свирачиња