Петте канибали во министерството за Труд и социјала

26.07.2018 13:06
Виц икона

Пет канибали се вработиле во министерството за Труд и социјала. Првиот работен ден ги собира министерот и им вели:

– Сега сте дел од тимот. Ќе земате солидни плати, но мора да ми ветите дека нема да изедете ниту еден од вработените.

Канибалите ветиле и почнале да работат во министерството.

Поминал еден месец, министерот бил задоволен од нивната работа и ги унапредил. Поминал и вториот, уште едно унапредување и зголемување на платата.

Но, кога поминал третиот месец, министерот ги повикал и започнал сериозен разговор:

– До сега работевте одлично, си стоевте на зборот, но вчера чистачката ја снема. Да не ја изедовте?

Канибалите тврделе дека не се виновни и министерот ги пуштил.

Кога излегле од кабинетот, почнале да се преиспитуваат меѓу себе, кој ја изел чистачката. По кратко време едниот признал:

– Јас вчера бев многу гладен, не издржав и ја изедов.

– Идиот! Ние 3 месеци јадеме од администрацијата и од советниците и никој не забележува ништо! Како најде да го изедеш единствениот човек што работи нешто во министерството!?

 

ОкоБоли главаВицФото