„Учествуваме, Застапуваме, Менуваме“ јавен настан во Струга

27.07.2018 11:02
„Учествуваме, Застапуваме, Менуваме“ во Струга

Во рамки на проектот „Учествуваме, Застапуваме, Менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“, ЈАДРО -асоцијацијата на независната културна сцена на 25 јули го реализираше четвртиот јавен настан, кој се одржа во рамки на шестото издание на фестивалот „ДримON“, во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, членка на ЈАДРО.

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа отворена работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. Модератор на работилницата беше Јасмина Билаловиќ.

По краткото воведно претставување на ЈАДРО неговата мисија, историјат и членство (бројност и географска застапеност), Булалвиќ се осврна на иницијативата и потребите од кои таа произлегува, нејзините почетоци, преку изработката и промоцијата на публикацијата и првата јавна расправа за новата мешовита установа во 2015 година), па до нејзините први видливи резултати со формирањето на КСП Центар Јадро-првата мешовита установа во септември 2017.

Потоа го претстави моделот на новата установа и нејзините специфики, кои подразбираат соработка, заедништво и јавна одговорност. и со тоа му го даваат предзнакот на демократски управувачки модел. Даде увид и во интересите и бенефитите на општините во ваков вид на цивилно-јавно партнерство и како развојот на овој вид мешовити установи всушност навремено ги капацитира општините за иден пристап кон нови европски фондови кои ќе се отворат за земјава со отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ.

По претставувањето на новиот модел на институција, со присутните, меѓу кои имаше и претставници од општина Струга и од невладиниот сектор се разви дискусија на примарните целни групи на програмите на новата установа, како и за можните простори за неа во Струга.

Во рамки на фестивалот „ДримON“, a кaкo дел oд прoектoт "Учествувaме, зaстaпуaвме, менуваме" се oдржува и тридневнa aрхитектoнскa рaбoтилницa зa мaпирaње/скицирaње нa прoстoр зa незaвиснaтa културнa сценa вo Стругa, сo учествo нa лoкaлни aрхитекти и студенти пo aрхитектурa.

„Намерата на проектот „Учествуваме, Застапуваме, Менуваме“ е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје, преку серија на јавни презентации, работилници, културни интервенции и дебати, и истовремено во соработка со 5 партнерски организации (МКЦ-Битола, Стрип центар на Македонија-Велес, Љоја-Тетово, Медиа Артес-Охрид и ИНКА-Струга) да отпочне процес за развивање на модели со свои локални специфики за формирање на културно–општествени центри во Битола, Велес, Тетово, Охрид и Струга. На тој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера“, велат од ЈАДРО.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото