Тефо за Скопје

27.07.2018 19:37
Тефо за Скопје

Спомените за Скопје се зачувани и преку славните градски ликови. Животната сторија на Тефо, Тефик Абдула (1941-1991), не е многу позната, но секако е препознатлив по неговиот омилен инструмент, примот (мала тамбура).

По струка, Тефо бил столар (тишлер), како и неговиот татко. Бил вработен во претпријатието „29 Ноември“, чија специјалност била дрвенаријата и обработката на стакло, а еден период работел во Полска. Поради напреднатата спондилоза, тој по враќањето, се повлекол во пензија и оттогаш целосно се посветил на музиката. 

Како што пишува Данило Коцевски „Познатиот Тефо музицирал во кафеаната (на Жабарот) долги години. Првото музичко трио го сочинувале: Ангеле на гитара, Тефо на прим и кој друг ако не Жабарот – на дајре. Тогаш кафеаната имала само три маси со по три стола. Кога музиката им пречела на комшиите, се симнувале долу, покрај Вардар.“

Тефо починал во 1991 година, на педесетгодишна возраст, а за неговиот погреб на кој присуствувале голем број луѓе, сѐ уште се раскажува. Според многумина тој бил еден од најавтентичните скопски боеми.


Извор: YouTube (via Saso Dimoski)

 

Слични содржини

Книжевност / Музика / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Уметност / Око / Историја
Музика / Око
Уметност / Око / Историја

ОкоБоли главаВицФото