Романтика

28.07.2018 09:55

Јас сакам да напишам денес поема
во која да дише
на новото време стих волен.
Да трепери в неа крилатиот гордиот демон,
што светот го демне од пол до пол.

И зошто е таму тој плач?
Зошто воздивнуваат луѓето
по некаква романтика истината?
Романтика се сега моторите што пеат по небото сино.

И без да ја сфатат таа песна горда,
се муртите в лудо, без сила.
Ја носи таа човечката бодрост
на силните челични крила.
Ги гледам во утрето јатата црни
кај прскаат семиња - чудо!
Во нивните песни згора што врнат
слободата блика и трудот.

Ги гледам како над мориња летаат
и горе, над екваторскиот пек,
зелените полиња под нив светат
и светка арктичниот снег.

Тоа е новата романтика која
се раѓа
и добива свој сјај.
И во двокрилното јато се рои,
го крстари светот
од крај до крај.

(1940)
Превод: Томе Арсовски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото