„Помеѓу феминизмот и патријархатот“ – Конференција за женскиот активизам во Македонија

30.07.2018 01:19
„Помеѓу феминизмот и патријархатот“ – Конференција за женскиот активизам во Македонија

„Помеѓу феминизмот и патријархатот“ е насловена конференцијата посветена на женскиот активизам која ќе се одржи во понеделник (30-ти јули), во 17 часот во Меморијалниот центар на холокаустот.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се дискутира за моќта на жената и женскиот активизам соочен со патријархатот.

Конференцијата е поделена на неколку сесии: Жената и културата; Женскиот приказ во медиумите; Моќта на жената или соочени со патријархатот и сѐ останато
(Профили на различни жени, нивниот активизам и предизвиците со кои се соочуваат).

Целта на конференцијата е да се поттикне женскиот активизам преку заедничко учење, и охрабрување на жените за делување во општеството, а истовремено и да се покрене свеста за општествените предизвици од родов аспект.

Активноста е дел од проектот “UPFRONT” која се реализира од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендиската Марија Николоска, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

ОкоБоли главаВицФото