Музејот Гараж за сите

30.07.2018 09:59
Музејот Гараж за сите

Музејот Гараж е основан во 2008 година во Москва. Бил отворен во објектот на поранешна автобуска гаража и така го добил своето име. 

Во 2012 година се преселува во привремен павилјон во Горки Парк, за во летото 2015 година да се отвори во својот нов постојан објект.

Музејот организира изложби, има и сопствени едукативни, истражувачки и издавачки програми и ја поседува најголемата библиотека и архива посветена на современата руска уметност. Музејот нема постојана поставка и секој пат кога ќе го посетите, можете да видите нешто ново.

Од 2014 година Гараж организира редовни посети на знаковен јазик за лица со оштетен и работилници за деца.

Оваа година Музејот ја прославува 10-годишнината од своето постоење, а под раководство на главната кураторка Кејт Фаул стручниот тим вниманието го свртува кон развој на инклузивна институција која ќе се соочи со идните предизвици.  

Извор: GARAGEMCA

 

ОкоБоли главаВицФото