инфантката манола

30.07.2018 10:25

манола требаше да се препарира
преубава беше не смееше
да се чека ниту еден миг
секоја брчка секој набор на кожата
можеше да ја расипе работата
донесоа слама од најдобар квалитет
славен касап дворјани свештеници
нејзиното тело ќе стои засекогаш
во големиот хол на палатата
сепак постојат спротиставени мислења
да ја овековечат навалена во фотелја или во стоечки став
во кринолин или во костум за јавање
облечена модерно или во духот на епохата
и ако модерно тогаш за која модна куќа да се одлучат
лицитации врз лицитации
цената ѝ порасна
беше поскапа од сите слики скулптури и уметнички предмети
не можеше повеќе да се чека
секоја брчка секој набор на кожата
можеше да доведе до драстично опаѓање на влогот
сега само сега манола
вреди безмерно

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото