ВМРО-ДПМНЕ ќе стане кредибилна партија кога ќе се соочи со сопствените криминали

30.07.2018 11:46
ВМРО-ДПМНЕ ќе стане кредибилна партија кога ќе се соочи со сопствените криминали,

ВМРО-ДПМНЕ ќе стане кредибилна партија во моментот кога ќе се соочи со сопствените криминали, со сопствените грешки и сопственото непочитување на законите.
Да зборуваш за неверојатни 45 милиони, а да сакаш да ги забошотиш 6 милјарди евра е проблем со кој мора да се соочат доколку сакаат да се вратат на политичката сцена.

Да зборуваш за недемократско донесување на законите, а да не го адресираш донесувањето на 128 закони во еден ден е проблем со кој мора да се соочат доколку сакаат да се вратат на политичката сцена.

Да зборуваш за партизација на судството во услови кога си го уништил до толку судството што мора да се прави коренита реформа е проблем со кој мора да се соочат доколку сакаат да се вратат на политичката сцена.

Да зборуваш за отсуство на оставки на министри за кои постои сомнение дека го прекршиле законот, а половина од министрите на владата која си ја формирал се пред суд заради корупција од највисок вид, е проблем со кој мора да се соочат доколку сакаат да се вратат на политичката сцена.

Или тоа, или ќе играат на картата на неверојатната леснотија на заборавање пристутна кај македонските граѓани и исклучителното ниво на глупост и неписменост на истите тие граѓани.

 Слика: Свирачиња