Од сите дна ти си ми врв

30.07.2018 16:30
Од сите дна ти си ми врв

 

Им побарав цимет на едни, на една Тања Аждаја, а таа ми вели: ЦИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ.

 

Толку многу апостолки, а само 12 апостоли.

 

Совест се јаде со грижа.

 

Не сум по тешката машинерија, но денес ќе се шлепам на стари статуси.

 

Пратив CV за работа во Формула 1. Ми рекоа немало отворен оглас ни за едно работно место. Реков: Ако, може и за пол-позиција.

 

А може од страна гледано и ти се однесуваш ко некој што не ти се допаѓа кога го гледаш од страна...

 

Кога би се погледнал од птичја перспектива, можеби и ти би се посрал на себе.

Менувам собна температура за двособна.

 

Продавам ногарки - три за стол.

 

Циркус е ова генетикава, направија да можеш да се кловнираш.

 

Боже како добро глумам глупа, сите ме сметаат за глупа.

 

Луѓето преферираат прашања пред критики. Глуп ли си та не сфаќаш?

 

Сѐ што ќе толерираш ќе биде искористено против тебе.

 

Што сакаш да престанеш да бидеш за да пораснеш?

Бев вљубена до уши, ама веќе ми е преку глава.

 

Се заглавив во љубовна магија и сега не знам штос со себе.

 

Фати ме - ќе ти исполнам три животи.

 

И веганството стана модерно, а ти уште си ми скара на кило.

 

Џабе држиш диети, стомакот цел живот ќе ти работи зад грб.

 

Извини што не ти го разбрав говорот на телото, да не ми збореше на дијалект?

 

Не сум коцкар, само така фигурирам.

 

Од сите дна ти си ми врв.

Што прави сеизмолог на море?
Сеизморува.

 

- Каде се исонча вака?
- Црнчев на работа.

 

Понудите за хотели кога лажат гледаат накај море.

 

И летово си ветив дека ќе идам Бразил на одмор. Секоја година се заплажувам така.

 

Македонска кинематографија: Гајле cinema.

 

Што ќе си SEAT, тоа ќе си PASSAT.

 

Бугарски слаткар: Празен Кроасанов.

 

We don't put additives in salt, Justin Bieber.

Антената и автомобилот отишле по свидетелства.
Учителката им рекла: Еве ви ги, сами познајте кое чие е:
- Покажува собен интерес и успех
- Покажува особен интерес и ауспух

 

Малиот шрафцигер имал фобија од шрафови. Мајка му никако не можела да го натера да работи. Еден ден татко му збеснал и тргнал накај него со бонсек во рака. На шрафцигерчето тогаш му се свртело. Скокнал на иверката и почнал да повторува: Мечка шраф, мене не ме шраф!

 

Природата ни предаваше математика долго и заносно.
Наеднаш застана и заповеда:
"Извадете ги дигиталните пајаци и на екранот пред вас најдете ги петте разлики меѓу двете фрактални пуфки."
Целата училница-ливада ја исполнија парови од облаковидни сегменти од најраскошните глуварчиња. Сите ги исплаши ненајавениот тест, а мене само една мисла: ме нема во мојата утопија.

 

Будно Е прави галама: ЕЕЕЕЕЕЕЕ!
Легнато Е спие: ШШШШШШШ...

Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото