Почина Стевче Јаневски - Чивчи, пејачот на „Бис - Без“

31.07.2018 12:40
 Бис - Без - првите авторитети на македонскиот beat

Почина Стевче Јаневски - Чивчи, пејачот на „Бис - Без“, што ја отпеа антологиската песна „Дал' да плачам ил да пеам“.

Почина Стевче Јаневски - Чивчи, легендарниот пејач на „Бис - Без“, што ја отпеа антологиската песна „Дал' да плачам ил да пеам“.

Чивчи освен што пееше во Бис-Без, беше член и на групата Бисери и остави неизбришлива трага за идните генерации.

Во раните шеесети години успеја да биде рамо до рамо со сите свои светски колеги и низ бендовите во кои членуваше да остави белег и вистинско музичко богатство за македонскиот рокенрол.

Бендот „Биз - Бес“ е формиран во 1964 година. По формирањето, во 1964 и 1965 година „Бис - Без“ свиреа по локалните клубови и сали. Најчесто ги свиреа тогашните светски хитови на Битлси, Ролинг Стоунс, Ху и други. Во 1966 почнаа да ги пишуваат своите први песни. Некои од песните што ги пишуваа, претставуваа препеви на познати песни, но на македонски јазик. Првиот и единствениот албум „Што е врева“ излезе во 1973 год. во кој се наоѓаат 6 студиски синглови: „Добро утро ученичке“, „Пак сум вљубен јас“, „Море сокол пие“, „Што е врева“, „Дал да плачам ил да пеам“ и „Било и поминало“.

„Првите авторитети на македонскиот beat, ВИС Бис-Без, првата мк супер група во состав од лево кон десно: Димитар Попанков-Папас тапани, Станислав Длака(ех Безимени)ритам гитара, Стефче Јаневски Чифчи (екс „Бисери“) вокал, Ламбе Смилевски(екс „Безимени“) бас гитара, Константин Икономов Коце (екс Бисери), соло гитара и Димитар Чемков Циме (екс „Бисери“), прво на тапани, па клавијатури, ќе бидат претходницата на Леб и Сол и другите мк бендови, со типични елементи на beatot со првите зачини од националниот фолклор“ - Горан Николов.

Фотографија: Македонска РОК енциклопедија

 

ОкоБоли главаВицФото