(Кога нема да знам повеќе да бројам...)

31.07.2018 15:41

Кога нема да знам повеќе да бројам,
тогаш ќе се разделиме.
Ќе се излади воздухот од мојата десна страна,
и воздухот од твојата лева страна,
температурата на околните ѕидови ќе стане поинаква.

И останките од нас на сите овие места.
Нашите останки немаат повеќе рани,
ни траги од рани,
не ја познаваат повеќе болката.

Нашите сенки не оставаат повеќе траги.

Едни умреа и ги нема повеќе.
Други не умреа и ги нема повеќе.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото