Чуму премиерка?

31.07.2018 23:15
Чуму премиерка?

И, дали светот ќе стане уште помирољубиво место за живот, како што ќе има сè повеќе жени на власт? Недвосмислените одговори на овие три прашања гласат: да, да и да. Зашто, благодарение на Дарвин и тестостеронот, мажјаците се посилен пол од женките ама баш во секое општество на планетата. Иако конкретните бројки и пропорциите варираат, мажјаците најсилно си играат и се натпреваруваат, се тепаат и се борат, ги малтретираат послабите, носат оружје, мечтаат за убиство, започнуваат војни и учествуваат во нив, сето тоа го прават многу повеќе од жените. Оваа полова разлика е очигледна и кај останатите примати, се појавува уште кај човечките бебиња, а се гледа и кај момчињата кои (заради необичните гениталии) се воспитувани како девојчиња. Во метаанализите на купишта дотогашни научни студии од 1986, исто како и од 2018 година, недвосмислен е заклучокот дека и момчињата и мажите користат поголема физичка агресија од девојчињата и жените во својот живот. Познатата метафора за бесмислениот компетитивен конфликт – мерењето „чиј е поголем“ – правилно сугерира кој пол е поопремен за ваквиот кретенски вид борбен ангажман.

Политикологот Џошуа Голдстин, во одличната студија „Војната и полот“ (2201), укажува дека жените биле исклучени од војната и вооружените сили во речиси секое општество во историјата и на планетата. Не постои ниедно племенско општество во кое жените се тие што ќе се соберат, ќе нападнат, ќе го ограбат соседното племе и ќе им ги одземат младоженците. А, митолошките „Амазонки“ и сличните жени-воини повеќе се производ на настраните машки фантазии за жените со воена опрема и маскирна униформа. Станува збор за сексуално исфантазирана Лара Крофт, а не за историски факти. Да, имало партизанки и слични герилски борци за слобода, а професионалните армии во светот во своите редови (па и во Србија) денес примаат и жени. Но, дури и во Израел, познат по тоа што фамозниот син коверт го испраќа на адреси од двата пола, жените своето време во армијата главно го поминуваат во болници или канцеларии. Во „феминистичкиот“ 21 век, 97 проценти од армиите во светот, и 99,9 проценти од вооружените сили во светот и натаму се составени од мажи. Едноставно, топовско месо е мускулот од машки пол и потекло. А, и најпознатите и најозлогласени белосветски освојувачи, крволочните тирани и геноцидните разбојници исто така биле и останале мажи.

Сето ова не значи дека жените исклучиво се мирољубиви пацифистки и приговарачки на совеста. Од Јованка Орлеанка до советските снајперистки, многумина предводеле армии и учествувале во војна. И подготвено ги испраќале мажите во борба, или им пружале вредна и грижлива логистичка поддршка како болничарки, индустриски работнички и слично. Многу царици и кралици воделе војни, како Изабела од Кастилја, Елизабета Прва или Катерина Велика, токму како и политичарките и државничките од 20 век како Маргарет Тачер, Голда Меир или Индира Ганди. Споменатата Тачер дури и со торба го истепала американскиот државен секретар зашто молчел додека Реган и Горбачов преговарале за нуклеарно разорување. А, претседателката на Република Српска, Билјана Плавшиќ беше обвинета и осудена за воени злосторства. Иако е впечатливо тоа што е жена, таа беше првата српска политичарка која самата се изјасни како виновна и која се покаја за истото. Ова не значи дека жените во целост ги избегнуваат насилството, конфликтот или затворањето – да се присетиме на бруталната сцена каде Моника Белучи ја претепуваат нејзините сограѓанки во „Малена“ (2000) или на Јутјуб да побараме клипови со тепачки на средношколки во соблекувални или училишни дворови. Но, во својата борба за доминација, жените сепак многу поретко од мажите прибегнуваат кон физичка агресија, а повеќе со тактики на исклучување, отфрлање, озборување и трачеви.

Од друга страна, жените сепак се полот кој има најголем удел токму кај мирољубивите пацифисти и приговарачите на совеста. И доминираат во мировните иницијативи и хуманитарните ангажмани. Во Аристофановата комедија „Лисистрата“, античките грчки жени организираат своевиден „штрајк со секс“ за да ги натераат своите мажи да ја прекинат Пелопонеската војна. Во 19 век феминизмот се испреплетувал со пацифизмот и другите антивоени или мировни движења. Женските групи во 20 век биле активни во протестите против нуклеарните проби и вооружувањето и војните во Виетнам, Северна Ирска, Израел или Југославија (токму – Жени во црно). Во анализата на дури 300 истражувања на јавното мислење во Америка од триесеттите до осумдесеттите години, мажите искажувале поголема поддршка за војната и воената опција во 87 проценти од случаите, а во преостанатите 13 проценти мажите и жените биле изедначени во однос на ставот за војна. Додека во овие 300 случаи нема ниеден во кој жените повеќе биле за војна од мажите. Значи, во споредба со жените, мажите играат и се забавуваат погрубо, повеќе фантазираат за насилството, консумираат повеќе насилни филмови и видео игри, прават најголем дел од насилните кривични дела, повеќе уживаат во казнувањето и осветата, гласаат за поборбени политичари и ги прават речиси сите војни и геноциди. Мажите се и поопседнати со доминацијата и искажуваат посилни трибалистички чувства како расизмот, национализмот и милитаризмот. Иако сите знаеме за исклучоци, стереотипите понекогаш се во право: жените се помирољубив пол и род.

Повод за оваа подолга природна и општествена историја на жените и војна впрочем е – годишнината на Владата на Република Србија. Со други зборови, мозгање или кршење глава во обид да се одговори следното претешко прашање: „Зошто е добро тоа што Ана Брнабиќ е премиерка на Србија?“. А, одговорот да не биде „Подобро таа отколку Александар Вулин“. Зашто, (веројатно) добро знаеме кои се грешките и скандалите на оваа Влада во изминатите 365 и кусур денови. Но, дали навистина можеме да пронајдеме нешто што е добро во врска со нејзиниот кабинет? Во тој период, Ана Брнабиќ пречесто се о(т)пишуваше преку нејзината (хомо)сексуална ориентација, технократизмот и дигиталните фиксации или пак се доведуваше во симболичка врска со одредени собни цвеќиња. Додека се заборава дека таа е и – жена. Океј, но заради што точно е „добро“ за Србија тоа што таа, ете, жена, е премиерка? Па, и биологијата и историјата ни се сведоци, помала е веројатноста дека жена ќе нè поведе или ќе нè втурне во војна. Малку ли е тоа на оваа скапотија? А поголемата шанса за мир на Балканот, колку и да е мала, никогаш не е за подбив.

И сега, циниците ќе алудираат на извесна „фикусоидност“ на премиерката, на нејзините впечатливи молчења и одрекувања од одговорност преку менаџерската фраза за „еден тим“ и „тимски играчи“, односно на тоа што не е далеку од умот тврдењето дека мажот, да го наречеме Александар Вучиќ, е впрочем тој кој ја води и управува со Владата на Република Србија. И да, со самото тоа, (жената) Ана Брнабиќ не би можела да запре војна, дури и да сака. Меѓутоа, реалноста е многу посложена. Зашто, како и секогаш во тоа некое општество, не се работи толку за конкретни личности како Меркел или Меј, Грабар Китаровиќ или Брнабиќ, колку за процесите. А токму процесот за феминизација на општеството, економијата, политиката и власта е тој кој создава основа за помирољубиво општество. И традиционалните и модерни општества во кои жените се во подобра положба се општества со помалку организирано насилство, во ранг од ултрафеминистичките Шведска и Канада до шеријатските Судан или Авганистан. Во анкетите на Блискиот исток, испитаниците кои биле понаклонети кон рамноправноста меѓу половите, биле понаклонети и кон мирољубиво решение за арапско-израелскиот конфликт. Со други зборови, колку општеството подобро и порамноправно се однесува кон жените, толку помалку ја прифаќа војната.

Полово порамноправното општество ги деконструира и пацифизира конфликтните вредности на „машкоста“, „мачизмот“, „храброста“, „честа“, „престижот“ и „славата“. Влегувањето на жените во политичката и професионалната арена нужно доведува до тоа машкото мерење на гениталиите да се смета за детско, несериозно, наивно и комично „типично машко однесување“, што е фраза што ја слушнал секој кој на работното место работи со жени. Истражувањата покажуваат и дека стапувањето во брак и добивањето деца драматично го намалуваат нивото на тестостерон кај мажите. Односно, дека жените и навистина (неврофизиолошки) ги „смируваат“ мажите претворајќи ги во добри и помирливи креатури со влечки за низ дома наместо со војнички чизми на нозете. Студијата „Полот и војната“ (2008) на Малколм Потс и Томас Хејден докажува и дека општествата во кои родителите не ги абортираат женските деца, а жените (наместо татковците, браќата и ајатолахот) ја контролораат женската сексуалност, претставуваат општества со помалку неженети, гневни и бесни млади мажи со неиспразнети мадиња. И, со самото тоа, општества со помалку војни.

Значи, политичкото зајакнување на жените, истакнувањето на машката чест, рамноправноста во изборот на (брачен) партнер, правото на раѓање женски деца и слично, па и жена премиерка, сето тоа се општествени сили кои ги намалуваат насилството и конфликтот. Од машината за перење алишта до антибеби таблетите, технолошките, економските и општествените процеси кои ги ослободија жените од постојаната грижа за децата, од домашните работи и од логиката „таа да раѓа, тој да брани“, имаа нуспојава во вид на помалку раѓање, но и помалку милитаристичка одбрана и заштита, за што влажно мечтаел Вулин. Можеби тоа е финтата со дигитализацијата? Феминизацијата значи пацификација. Во текот на целокупната историја, жените и нивната психологија биле и ќе бидат мирољубива сила во општеството. И затоа, колку и безначајно да делува тоа во нашата политичка реалност, сепак не е сеедно што една жена веќе една година е на чело на Владата на Република Србија, напротив.

Слики: Claudia Manenti

Извор: https://www.danas.rs

Слични содржини

Општество / Балкан / Свет
Општество / Европа / Балкан / Свет
Европа / Балкан / Став / Култура / Историја
Општество / Активизам / Квир / Историја
Балкан / Свет

ОкоБоли главаВицФото