Врски

01.08.2018 15:08

Кога надоаѓа болеста
Ништо повеќе не е како што било
Живееш тонејќи во сè подлабока вода
Дамнешни искршени гемии ти се прикотвуваат за јаболчниците
И една воена подморница
Ти се засидрува под челото

Кога стигнуваш на понтонскиот мост
Не здогледуваш ниеден брег,
Оти невидливо џебно ноже
Навреме го издлабило релјефот
А врз единствената порта
Расцветала кука што ја изострил рибар

Кога си болен се лизгаш удолу во празнината
Небаре воз што нема повеќе депо
Зашто уште на почетокот бил проектиран
Да излезе еднаш од шините

Кога повеќе немаш избор
Ковертот со тебе почнува да чади,
Пожарчиња да го палат,
А пожарникарите – играчки
Нема повеќе сами
Да си ги придвижат возилата.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото