Споменици од поранешна Југославија се најдоа во спот на познат диџеј

03.08.2018 01:06
Споменици од поранешна Југославија се најдоа во спот на познат диџеј

Најновиот спот за песната „Дарксајд“, светски познатиот диџеј Алан Вокер го сними на локации во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

На спотот објевен на платформата „Јутјуб“, кој веќе е прегледан повеќе од десет милиони пати за само пет дена, може да се забележат познатиот споменик на Битката кај Сутјеска во Босна и Херцеговина и Споменикот на револуцијата на народот од Мославина во Подградиќ, Хрватска.

Алан Олав Вокер (Alan Walker) е 20-годишен норвешко-британски диџеј кој светска слава стекна со синглот „Фејдед“ во 2015 година. Минатата година магазинот „DJ Mag“ го смести на 17. место меѓу 100. најдобри диџеи во светот.

 

Извор: You tube

 

ОкоБоли главаВицФото