Во куќата на Мелников

03.08.2018 11:36
Во куќата на Мелников

Фотографот Ричард Пер (Richard Pare) е познат по неговата посветеност во документирањето на советската модернистичка архитектура.

Неговите фотографии биле изложени во голем број значајни музејски изложби и според повеќе историчари на архитектурата, тие придонесуваат за поголема афирмација на вредностите на објектите кои ги фотографира.

Во чест на генијалниот архитект Константин Мелников, преку фотографии и детални коментари, Пер нè води низ неговата куќа во Москва, изградена во 1927-29 година.

Константин Степанович Мелников (1890-1974) е руски архитект роден во Москва и еден од најголемите архитекти во светот од првата половина на 20 век. Како еден од најсмелите претставници на меѓувоената авангарда, обично се врзува со конструктивизмот, но тој бил независен творец чија уникатна визија се заснова на класични форми во комбинација со најдобрите современи тенденции.

Поради неговото противење да се конформира на ретроградната советска естетика, неговиот архитектонски опус е сведен на една интензивна декада. И покрај препреките, реализираните проекти, а особено неговата приватна куќа се зачувани како материјализација на неговите принципи и сведоштво за неговата големина.


Колор фотографии: Ричард Пер

Извор: Lumiere Gallery

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Фотографија / Наука / Око / Историја
Уметност / Око / Историја
Никола Гелевски
Уметност / Око / Историја
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото