Трка

03.08.2018 17:17

На триесет и пет години
     ги собирам плодовите
Кош со сè што сум донела
Како најтешко наследство од дома

Кош со она малку добро сторено
Толку лесен што ако внатре ставам стол за лулање
Ќе можат да се лулаат
Повеќе гости истовремено

И кош во кој едно преку друго
Стои тешкото, стуткано во клопче.
     Кој може да го пресече?
     Кој да се запраша дали веќе тргнал
     По патот што води кон портата?

На триесет и пет години
Кога млада болест излегува
Во нови алишта, грижливо скроени,
Ги носам сите на плеќи
      Сè поистенчувајќи се, за да можат
      Тие да пораснат,
      Смалувајќи се,
      За да можат подобро да се гледаат.

На триесет и пет години
Толку сум малечка под сите
Три огромни коша,
     Небаре отсега натаму зависна од нивната волја
     Тие ќе ме носат мене

Налево–па во круг не правам повеќе.
Зашто во срцето сите ежови
     трчаат во исто време.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото