Предфестивалски „Полски пикник“ во МСУ

04.08.2018 11:29
Предфестивалски „Полски пикник“ во МСУ

На годинешниот деветти „МакеДокс“, програмата „Земја во фокус“ e посветeна на полската документаристика. Оттука, „МакеДокс“ заедно со Филмската фондација Краков и Амбасадата на Република Полска во сабота (11 август) во Музејот на современата уметност организира „Полски пикник“.

На настанот ќе се проектираат десет кратки документарци кои од 1961 до 2000 година биле наградени на Филмскиот фестивал во Краков, фестивал кој набргу ќе ја одбележи својата 60-та годишнина.

Програмата се отвора од 17 часот со збор-два за полската документаристика и мало освежување со полска музика, а од 18:30 часот и првата тура на филмови. Влезот е слободен.