(кога тој те напушта...)

04.08.2018 17:34

кога тој те напушта
што мислиш да земеш пред да побегнеш?
точно во тој момент
кога ти е страв и ти се гади од фактот
дека сè уште го љубиш
кога всушност сакаш да останеш
но веќе си на куќниот праг
и треба да изгледаш достоинствена и самоуверена.
се мислиш дали да ја земеш рачката за туш или можеби оној кармин Ланком
што го доби од тетка ти
кои се вредните предмети што треба да ги понесеш
и од кои ќе имаш корист во животот
знам дека сега ме гледаш чудно
дека помислуваш како веќе имаш
прецизен список во умот
но не, во тој момент нема повеќе ништо да знаеш

како кога би зеле нешто со нас на оној свет
надвор од нашата сенка

не постои список
може едноставно да налеташ на книга од Марк Твен
која одвај си ја прелистала, и тоа да биде сè.
кажи ми го името
алма-се спасува-кој-може

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото