
Екипите за демолирање со багери-кршачи почнаа да го уништуваат студиото на Аи Веивеи (Ai Weiwei, 1957) во Пекинг без претходна најава.
Три години откако во 2015 година шеесетгодишниот уметник и остар критичар на власта принудно ја напушти Кина и замина да живее во Берлин, кинеските власти повторно му нанесуваат тежок удар со уривање на неговото главно студио, под изговор дека истекол неговиот договор за изнајмување.
Веивеи на својот Инстаграм профил ја извести јавноста дека неговото студио е насилно уништувано и заврши со едно кратко „Збогум“.