Со овај ум, ќе нè биди, „сигурно" ќе нè биди

07.08.2018 02:04
Со овај ум, ќе нè биди, „сигурно" ќе не биди.

Денес вртевме со точак околу Охридско.

Прво помисливме дека ја згрешивме државата, како да сме во Холандија или Германија, а всушност кај комшиите сме биле. Нов експресен пат, изграден по сите можни светски стандарди и што е НАЈВАЖНО, изградена нова велосипедска патека, максимално безбедна, да ти е мерак да возиш точак.

Гратис нов дрворед и подземни премини, плус изрушени и исчистени сите дивоградби и платформи во езерото. Како некој квалитетно ги обработил европските пари.

Влегуваш кај нас, вегетацијата пола пат го покрива, асфалтот од СФРЈ, стари банкини, малку дупки, паркинзи скоро и да нема, узурпиран простор за да се изградат скапи вили итн ...

Единствено нашите возачи далеку посовесни од нивните.

Со овај ум, ќе нè биди, „сигурно" ќе нè биди.

Фотографии: Игор Поповски

ОкоБоли главаВицФото