Пет острижени жени

07.08.2018 11:52
Пет острижени жени

„Пет острижени жени“ (Five Branded Women) е италијанско-американски копродукциски филмски проект од 1960 година во режија на Мартин Рит (Martin Ritt), продуциран од Дино Де Лаурентис за холивудското филмско студио Paramount Pictures.

Ова е единствениот воен филм на Рит, кој се одвива за време на нацистичката окупација на Југославија. Филмот бил снимен во Италија и Австрија (Клагенфурт), а во него била вклучена голема меѓународна актерска екипа.

Прекрасните Силвана Мангано, Барбара Бел Гедис, Вера Мајлс, Карла Гравина и Жанa Моро ги играат улогите на Јованка, Марија, Даница, Мира и Љуба во приказната за петте југословенските жени кои се борат против нацистите според романот на Уго Пиро. Кинематографијата ја потпишува Џузепе Ротуно, а музиката ја компонирал Анџело Франческо Лавањино.

***

Заплетот на приказната започнува кога југословенските партизани за казна им ја исекуваат косата на петте жени за кои се верува дека се здружиле со окупаторите. Гланата причина е еден осамен, самобендисан, арогантен наредник кого партизаните за одмазда го кастрираат. Протерани од градот во придружба на нацистите со цел да го сокријат срамот, безнадежните жени на крајот, патриотски и романтично, се поврзуваат со партизанскиот отпор и се придружуваат на група храбри герилски борци во борба против нацистите.

Целиот филм можете да го погледнете на следниот линк:

 

Слични содржини

Филм / Око / Историја
Балкан / Филм / Око
Балкан / Уметност / Филм / Око
Филм / Око / Историја
Филм / Музика / Око
Филм / Око
Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото