Те сакам со сите доблести и money

08.08.2018 11:58
Те сакам со сите доблести и money

Ти фали даска што живот значи за да ја сфатиш мојата претстава за тебе.


Можно е да не осеќам болка, само не ме фаќај за збор.


Ака негде мојто либе.


Носам мини 7 days.


Би те навредила, но немаш грам мозок да ме разбереш.


Не ми се свиѓаш доволно за да признаам дека си во право.


Те сакам таков каква што сум.

Некои парови постојат само за да не унесреќат други двајца луѓе.


Маж со поминат воен рок.


Мачкани очи за доручек. Подгреана надеж за ручек.


Битката кај комфор зоната.


Дедо Мраз е љубов за деца. Љубов е Дедо Мраз за возрасни.


69 = Он не може да крене глава од неа, а она од уста не го вади.


Те сакам со сите доблести и money.


Вредиш... чинам.


Мислам дека Земјата нема појма дека светот се врти околу парите.

Се фатиле две златни рипки и не можеле да престанат да се исполнуваат.


Желба сум му, а тоа ме исполнува.


Јас сум крива, а тој е љубител на облини.


Праска со претензии да стане компот бара тегла за озбилно.


Добро испланирана грешка бара проблем за озбилно.


На свадба е битно владеење на правото.


Што знае шанса како е да си втор.

Шо убаво ти е граден кошот.


Убавиот касиер железни врати парички.


Почнува периодот на 'Побрзо лижи го ќе падне'.


Ти си савршенство без money.


I love you very ouch.


Два бага од апликација се договараат да идат на ап-дејт.


I can be your гиро babe.


И јуфките се сварија, а ти уште си ми тарана.

Жална вест.
Хемијата повеќе не е меѓу нас.


Твоето typing
два три реда
моја библија.


- Зошто раскинавте?
- Ме третираше ко крпа некоја.
- Бриши го одма.


- Боже какво е летнато ливчево.
- Остај го, се прави флаер.


Правосмукачот ја праша жена си: Усиса?
Пресисав - му одговори Правосмукалката.


- Не земај од тие пари, нека ги за црни денови.
- Па за што ќе ни се?
- За свадба.

Слики: Brian Kershisnik 

ОкоБоли главаВицФото