Орбан против Фрида Кало

09.08.2018 11:16
Орбан против Фрида Кало

По 64 години од смртта, славната сликарка Фрида Кало се најде под удар на критика во Унгарија.

Провладиниот дневен весник „Маѓар Идок“ ја критикуваше многу популарната изложба на делата на Фрида Кало, во Унгарија заради „промовирање комунизам“. Поставката гостува во Националната галерија во Будимпешта.
Критикита е дел од пошироката национална дебата за културата и културната политика, откако воаприл, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан го освои третиот мандат.

Поддржувачите на Орбан тврдат дека сега е време да направи пресврт во културата и да ја однесе кон конзервативните вредности и да му стави крај на, она што тие го нарекуваат, доминација на левичарските либерални уметници.

Во написот од 14 јули во „Маѓар Идок“ се вели дека изложбата на Фрида Кало е промоција на комунизмот со државни пари.

„Нема да верувате, но Троцки повторно се појави во Будимпешта, овојпат од креветот на Фрида Кало“, пишува весникот.

Во контекст на Кало, весникот спомнал уште неколку автори и галерии во Будимпешта.

Извор: Ројтерс

 

ОкоБоли главаВицФото