„Јутарњи лист“: Оља Савичевиќ Иванчевиќ добитничка на регионална книжевна награда на фестивалот „Друга приказна“

09.08.2018 15:44
„Јутарњи лист“:  Оља Савичевиќ Иванчевиќ добитничка на регионална книжевна награда на фестивалот „Друга приказна“

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“, денеска (9 август) известува за претстојното издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“, кој ќе се одржи во Скопје и на кој главната награда ќе биде доделена на хрватската писателка Оља Савичевиќ Иванчевиќ.

„Друга приказна“ е македонски книжевен фестивал со регионален карактер наменет првенствено на хибридните жанрови, малите фикции и експерименталната литература. Секоја година фестивалот доделува главна награда.
Оља Савичевиќ Иванчевиќ е родена во 1974 година во Сплит. Авторка е на романи, кракти раскази, поезија и драмски текстови, нејзините книги се преведени на десетина јазици и објавени во Европа и САД“, пишува Јутарњи.

Досегашни добитници на наградата „Друга приказна“ се Давид Албахари и Влада Урошевиќ.

На фестивалот ќе гостуваат триесетина писатели од регионот, а од хрватските автори ќе учествуваат Марко Погачар и Сибила Петлевски.

Фестивалот ќе се одржи од 6 до 8 септември во Скопје. Тема на годинашното издание е „Идентитетот како претстава“.

Извор: Jutarnji list


 

Слични содржини

Книжевност / Настан
Книжевност / Настан
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото