„Висока уметност“

10.08.2018 19:20
„Висока уметност“

Винсент Лафоре (Vincent Laforet, 1975) е американски фотограф и режисер роден во Швајцарија. Добитник е на Пулицеровата награда во 2002 година заедно со тим на фотографи на Њујорк Тајмс за документирањето на настаните по 9/11.

Во последните неколку години тој ја „издигнува“ аеро-фотографија на нови височини. Неговата гледна точка - хеликоптер кој лета на неколку илјади метри - нуди уникатни погледи на големите светски градови. Неговите слики ги трансформираат комплексните клучки на автопатите во Лос Анџелес и блескавата „лента“ во Лас Вегас во спектакуларни електронски кола, а Лондонскиот Биг Бен повеќе лични на голем скапоцен камен. 

Погледнете интересен избор од фотографиите во краткото видео-интервју со Ли Кауан.

Извор: CBS

 

Слични содржини

Фотографија / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото